Close Menu
Press24
    Најново

    Хаос во Пефкохори: Забрането капење во морето поради излевање на канализација

    12.06.2026 во 20:28

    Викенд уживање: Сонце и температури до 32 степени

    12.06.2026 во 20:15

    Нетанјаху со порака до Трамп: Додека сум премиер, Иран нема да има нуклеарно оружје

    12.06.2026 во 20:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хаос во Пефкохори: Забрането капење во морето поради излевање на канализација
    • Викенд уживање: Сонце и температури до 32 степени
    • Нетанјаху со порака до Трамп: Додека сум премиер, Иран нема да има нуклеарно оружје
    • Ѓорѓиевски на средба со скопските градоначалници: Ги утврдивме приоритетите
    • Средба на Сиљановска-Давкова со Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“
    • На фарма во Србија: Загина маж – го нападнал бик
    • Техеран и Вашингтон пред потпишување историски договор
    • Facebook и Instagram повторно во функција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МОН: Потпишан договор за соработка во образованието и науката со Турција

    МОН: Потпишан договор за соработка во образованието и науката со Турција

    22.12.2025 во 16:161 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката во сферата на образованието. Со Договорот што го потпишаа министрите за образование и наука на Македонија и на Турција, Весна Јаневска и Јусуф Текин, двете држави ќе соработуваат и разменуваат информации и научни публикации во областа на формалното и неформалното образование и ќе поттикнуваат размена на академици, експерти за образование, наставници и ученици од средно образование. Прифатена е размена на искуства во областа на средното образование, со фокус на стручното, како и обука и квалификации на наставници и доживотно учење, организирање на програми за обука, спроведување на заеднички проекти. Усогласена е размената на искуства во врска со новите образовни технологии, како и во делот на подготовка на наставните планови и програми.

    Со Договорот се овозможува учениците да учествуваат на научни и културни натпревари кои што се одржуваат во двете земји, се промовира соработката за развој на заеднички програми како и збратимување на училишта.

    Договорено е како изборни предмети да се предаваат „Јазикот и културата на Турците“ односно „Јазикот и културата на Македонците“, во Македонија и Турција, соодветно. Предвидено е и меѓусебно стипендирање на средношколци.

    Заедничка работна група ќе се грижи за спроведување на Договорот.

    Прочитај повеќе

    Викенд уживање: Сонце и температури до 32 степени

    12.06.2026 во 20:15

    Ѓорѓиевски на средба со скопските градоначалници: Ги утврдивме приоритетите

    12.06.2026 во 19:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.