Close Menu
Press24
    Најново

    Скопје центар на регионална дискусија за дигитални политики и безбедни екосистеми

    10.06.2026 во 08:26

    „Страв и надеж“ на МНТ на јубилејниот театарски фестивал во Прилеп

    10.06.2026 во 08:25

    Сиљановска на Самитот на ПСЈИЕ во Софија – Средба со Јотова

    10.06.2026 во 08:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скопје центар на регионална дискусија за дигитални политики и безбедни екосистеми
    • „Страв и надеж“ на МНТ на јубилејниот театарски фестивал во Прилеп
    • Сиљановска на Самитот на ПСЈИЕ во Софија – Средба со Јотова
    • „Спремни за средно!“ – Бесплатна полуматурска забава во Кисела Вода
    • Измени во цените на ПАП и ХПВ тестирањето во Македонија
    • Муцунски во Софија – Дискусии за европската перспектива на Југоисточна Европа
    • Ќе нема струја до 15:30 часот – Најавени исклучувања низ Скопје
    • Интерпелација за Цветан Трипуновски во Собрание
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гутереш бара Хутите итно да ги ослободат претставниците на ОН

    Гутереш бара Хутите итно да ги ослободат претставниците на ОН

    19.12.2025 во 21:501 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

     Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска го осуди притворањето на 10 претставници на ОН од страна на јеменските бунтовници.

    Хутите вчера приведоа 10 службеници на ОН, со што вкупниот број на приведени се искачи на 69.

    Гутереш повика на итно ослободување на сите заробеници, изјави неговиот портпарол Стефан Дижарик.

    Овие притворања го прават неодржливо доставувањето хуманитарна помош на ОН во областите контролирани од Хутите. Ова директно влијае на милиони луѓе на кои им е потребна помош и го ограничува нивниот пристап до помошта што спасува животи, наведе Дижарик.

    ОН постојано ги отфрла обвинувањата на Хутите дека вработените и операциите на организацијата во Јемен се вклучени во шпионажа.

    Јеменските бунтовници од почетокот на 2015 година контролираат големи делови од земјата, вклучително и главниот град – Сана, каде што Хутите ги воспоставија своите политички институции. Меѓународно признатите јеменски власти се протерани од Сана во Аден. 

    Прочитај повеќе

    Дрска кражба во Земун: Скршиле стакло на автомобил за да украдат електричен тротинет

    09.06.2026 во 23:50

    Ескалација на Блискиот Исток: Америка започна воздушни напади врз Иран, Трамп нареди одмазда за соборениот „Апачи“

    09.06.2026 во 23:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.