Close Menu
Press24
    Најново

    Сали се сретна со Претседателот на Република Албанија

    27.02.2026 во 23:45

    Нападнат 65-годишник во Центар

    27.02.2026 во 23:04

    Се запали куќа во Волково

    27.02.2026 во 22:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали се сретна со Претседателот на Република Албанија
    • Нападнат 65-годишник во Центар
    • Се запали куќа во Волково
    • Хорор на клиника: Хирурзи во Приштина се тепаа пред колегите и пациентите
    • Трамп за односите со Техеран: „Не сакам да го нападнеме Иран, но понекогаш мора“
    • Венецуелската нафта повторно достапна за Куба: Помош за народот или нов дипломатски јазол?
    • Уапсено лице од тетовско осомничено за лажни дојави за поставени бомби во училишта
    • По ажурирање на оваа апликацијата – жена остана без 3.500 евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » АХВ прочешла над 260 објекти: Повлечени четири серии новогодишни пакетчиња

    АХВ прочешла над 260 објекти: Повлечени четири серии новогодишни пакетчиња

    19.12.2025 во 09:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбедноста на детските новогодишни пакетчиња. Надзорите, како што информираат од АХВ, биле спроведени во магацини за пакување на пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со овој вид призводи, при што утврдени се минимални недоследности.

    По спроведените 262 инспекциски контроли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, нема оператори со храна кои се парично казнети, ниту е поништена небезнедна храна. 

    Поради несовпаѓање на роковите на збирната декларација со поединечните рокови на производите во пакетчето и заради некомплетни декларации, инспекциските служби на АХВ издале четири решенија со наредба за повлекување од промет на новогодишни пакетчиња, а на двајца оператори со храна, издадени им се решенија со наредби за ставање на збирни декларации на пакетчињата.

    -Во споредба со лани спроведените контроли на безбедноста на оваа категорија производи, кога беше утврдено несоодветно означување на пакетчиња, немање декларации и наведен рок на употреба на збирно пакување, најдени беа и пакетчиња кои содржат производи со поминат рок на употреба и со краток рок на трајност на призводите како и производи со променети органолептички својства, годинава, кај операторите, утврдени се само минимални недоследности, се вели во соопштението од АХВ. 

    Агенцијата, како што информираат, и во нардниов период, особено пред и по новогодишните празници, ќе продолжи со спроведување на контроли за следење на безбедноста на оваа категорија производи.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Испливаа најнови информации за здравјето на Дачиќ

    27.02.2026 во 09:30

    Хорор на клиника: Хирурзи во Приштина се тепаа пред колегите и пациентите

    27.02.2026 во 22:34

    Трамп за односите со Техеран: „Не сакам да го нападнеме Иран, но понекогаш мора“

    27.02.2026 во 22:20

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.