Close Menu
    Најново

    СДСМ за анкетата на ИПИС: Стара школа на Груевски, нова препишувачка школа на Вучиќ

    20.12.2025 во 12:22

    Рација во Тетово: Шест малолетници фатени како пијат алкохол во кафеана, управителите ќе одговараат кривично

    20.12.2025 во 11:57

    Драма во Тетово: Возач на „ауди“ прегази полицаец и избега, насилник дивеел и во Гостивар

    20.12.2025 во 11:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • СДСМ за анкетата на ИПИС: Стара школа на Груевски, нова препишувачка школа на Вучиќ
    • Рација во Тетово: Шест малолетници фатени како пијат алкохол во кафеана, управителите ќе одговараат кривично
    • Драма во Тетово: Возач на „ауди“ прегази полицаец и избега, насилник дивеел и во Гостивар
    • Полициска акција во Полог: Четворица лишени од слобода за кокаин и марихуана
    • 65.500 денари му се потребни на едно семејство за да го помине месецот
    • Маглата го поремети авиосообраќајот во Скопје: Доцнат летови од Истанбул и Париз, еден е откажан
    • Криминалниот тандем СДС-ДУИ ја ограбиле Лотарија, 3 милиони евра испариле од институцијата и за овој криминал одговорност мора да има 
    • СДСМ обвинува: Власта измислува „пожари“ за да го сокрие скандалот „мигранти за пари“
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Уапсен функционер на ДУИ заедно со уште десетина лица

    Уапсен функционер на ДУИ заедно со уште десетина лица

    18.12.2025 во 10:17
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Бујар Дардишта поранешен висок функционер на ДУИ и директор во неколку државни институции бил , дознава Прес24 од свои извори.
    Акцијата започнала во текот на ноќта меѓу 17 и 18 декември 2025 година од страна на Одеелот за сузбивање на организоран инсериозен криминал при БЈБ – МВР, во координација и под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Според досегашните информации, станува збор за сузбивање на организирана криминална група осомничена за кривични дела од областа на корупцијата и економскиот криминал.

    По претходно обезбедени судски наредби, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје и Куманово, неофицијални при претресите до сега се пронајдени и одземени парични средства во различни валути, мобилни телефони, лаптопи, хард дискови, како и финансиска и друга релевантна документација.

    Во моментот, според неофицијални информации, во тек се претреси и во два правни субјекти на подрачјето на Скопје и Куманово.

    Информацијата се уште нема официјална потврда ниту од МВР ниту од ЈО.

    Бујар Дардишта, беше директор на Управата за водење на матични книги, а потоа и управител на едно од новоформираните три претпријатија на ЕСМ за топлинска енергија за затоплување на скопјани на местото на БЕГ. 

    Дардишта стана „популарен“ во јавноста откако Државниот завод за ревизија утврди дека во 2019 година кога тој бил директор на Управата биле издадени 21.957 погрешни изводи, односно 4 отсто од вкупниот број издадени изводи од матичните книги. Во реализираната ревизија бил констатиран кусок од 94.451 извод во матичните книги во Скопје, Тетово, Ресен, Гостивар и во Прилеп. Односно, ДЗР утврдил дека за толку обрасци на изводи не се наплатени ниту административни такси.

    Последен пат неговото име се споменуваше за време на собирот на УЧК во центарот на Скопје каде тој беше претставник на организациониот одбор.

    Популарно

    Поднесено обвинение за пратеникот Јанчев за сообраќајката во која загина 16-годишниот Матеј

    20.12.2025 во 10:22

    Скопје денеска втор најзагаден град во Европа

    20.12.2025 во 09:38

    Бремените и хронично болните се ослободуваат од работа

    19.12.2025 во 20:04

    Анкета на ИПИС: За ВМРО-ДПМНЕ на парламентарни избори ќе гласаат 26 проценти, за СДСМ 9,8, Мицкоски со најголема доверба меѓу политичарите

    20.12.2025 во 10:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.