Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Маж од Белгија приведен кај Бит Пазар
    • Тони Дескоски: ДПИ понекогаш гледа, а понекогаш не може да го види она што сите други го гледаат
    • СДСМ: Мицкоски е срам за Македонија, во Виена пренесе пораки од Москва
    • Првиот заменик на претседателот на Владата оствари средба со инвеститори од Турција
    • Хоџа пред бизнис заедницата во Виена: Отворени сме за зелени инвестиции за да обезбедиме одржлива иднина
    • Енергетиката како стратешка алатка – Божиновска од Виена: Македонија се позиционира како регионален играч
    • Лефков: Техничката влада е дивоградба во правниот систем, власта мора да произлегува директно од волјата на граѓаните
    • Николоски: Австрија е наш силен поддржувач, соработката продолжува во насока на економскиот напредок
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитровски: Нов импулс за економска соработка со Шведска

    Димитровски: Нов импулс за економска соработка со Шведска

    16.12.2025 во 18:333 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска имаше поздравно обраќање на настанот во организација на Шведско-Македонската Стопанска Комора, кој се одржа во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. На настанот се обрати и Н.Е. Ола Сулстром, Амбасадор на Кралството Шведска во нашата земја, со што беше потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на билатералните односи.

    Шведско-Македонската Стопанска Комора се воспоставува како силен институционален мост меѓу деловните заедници на двете земји и како јасна политичка порака за продлабочување на економското партнерство меѓу двете земји.

    Во своето обраќање, заменик-министерот Димитровски истакна дека формирањето на Комората означува нова фаза во економските и деловните односи меѓу двете земји, со фокус на конкретни резултати, инвестиции и заеднички развој.

    -Формирањето на Шведско-Македонската Стопанска Комора испраќа силна порака дека економската соработка меѓу нашите држави се издигнува на повисоко, постратешко ниво. Ова е практичен механизам за поврзување на бизнисите, за поттикнување инвестиции со додадена вредност, за иновации и трансфер на знаење, но и за градење доверба која е основа на секое сериозно економско партнерство, истакна заменик-министерот Димитровски.

    Македонско-шведските економски односи бележат стабилен и охрабрувачки развој, со јасен потенцијал за понатамошна експанзија. Зголемениот интерес од компаниите и инвеститорите од двете земји ја потврдува потребата од институционална платформа која ќе ги поврзе деловните заедници и ќе ја забрза реализацијата на заедничките економски проекти. Во тој контекст, Комората се позиционира како катализатор за зголемување на билатералната трговија и проширување на секторите на соработка.

    Во поширок геоекономски и европски контекст, јакнењето на економските врски со Кралството Шведска – земја членка на Европската Унија и глобално препознаена по својата индустриска, технолошка и иновативна сила – претставува важен сегмент од стратешката определба на нашата земја за подлабока интеграција во европскиот економски простор и за отворање нови можности за соработка со скандинавските земји.

    Шведско-Македонската Стопанска Комора ќе делува како платформа за активна соработка меѓу приватниот и јавниот сектор, обезбедувајќи системска поддршка за компаниите, застапување на нивните интереси и создавање амбиент на доверба, транспарентност и институционална стабилност. Преку ваков пристап, Комората ќе придонесе кон развој на одржливи, долгорочни и взаемно корисни деловни партнерства.

    Преку организација на бизнис-форуми, деловни мисии, B2B средби и стратешки дијалози, Комората ќе овозможи директна поврзаност меѓу македонските и шведските компании, претприемачи и институции. Составот на нејзиниот управен одбор, со експерти од области како ИКТ, здравство, рударство и автомобилската индустрија, претставува силна основа за ефективно остварување на нејзината мисија.

    -Со формирањето на Шведско-македонската Стопанска Комора, испраќаме јасна порака дека ние сме подготвени за посилна економска соработка, за привлекување квалитетни инвестиции и за градење партнерства засновани на европски стандарди, доверба и заедничка визија за економски раст и развој, заклучи заменик министерот.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.