Вчера околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во штала во с.Арнакија, скопско, по претходно нерасчистени имотно-правни односи бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.З.(24), Л.З.(21) и Р.З.(59), од една страна и А.З.(63), С.З.(30) и Б.З.(35) од друга страна, при што биле употребени и тврди предмети.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Р.З., додека со повреди се здобиле М.З. и Б.З., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
- Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
- Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
- Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
- Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
- Ѓорѓиевски: Во тек е рокот за испорака на новите автобуси
- Во завршна фаза подземната сообраќајница кај „Лимак“: Ѓорѓиевски најави целосно поврзување до 2028 година
- Македонското обвинителство ја зајакнува соработката со Словенечката развојна академија: Акцент на финансиски истраги и ЕУ-реформи
- Син ми е нападнат од негов соученик – Загрижена мајка пријавила во полиција

