Close Menu
Press24
    Најново

    Сиљановска-Давкова: Ние сме подобри од некои земји кандидати за ЕУ

    09.04.2026 во 22:30

    Битиќи: Владата нема капацитет, на 5% инфлација нема ниту една мерка за помош на граѓаните

    09.04.2026 во 22:19

    Шокантни бројки од Москва: Минатогодишното примирје прекршено скоро 5.000 пати

    09.04.2026 во 22:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова: Ние сме подобри од некои земји кандидати за ЕУ
    • Битиќи: Владата нема капацитет, на 5% инфлација нема ниту една мерка за помош на граѓаните
    • Шокантни бројки од Москва: Минатогодишното примирје прекршено скоро 5.000 пати
    • Израел тргна во копнена офанзива: Активирана операцијата против Хезболах во Либан
    • Колапс на европските граници: Патници заглавени и по седум часа на пасошка контрола
    • Николоски: Се сомневаме во шпекулативно однесување на пазарот – тие што ја користат кризата ќе бидат казнети
    • Зеленски испрати порака до Кремљ: „Подготвен сум за директна средба со Путин“
    • Шефот на НАТО со порака до сојузниците: Трамп веќе не прифаќа само зборови, бара конкретни ветувања
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски: Да биде кристално јасно – мигранти во било која форма нема да има

    Муцунски: Да биде кристално јасно – мигранти во било која форма нема да има

    11.12.2025 во 13:111 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата е целосно фокусирана на економски развој, отворање нови работни места и подобрување на стандардот на граѓаните, изјави вицепремиерот Тимчо Муцунски, реагирајќи на тврдењата за наводни договори или планови за прифаќање мигранти во земјата. Тој категорично ги отфрли ваквите информации како невистинити и политички мотивирани.

    „Сакам да бидам кристално јасен: оваа Влада ниту водела, ниту ќе води политика за прифаќање мигранти – во каква било форма. Нема договори, нема преговори, нема квоти, нема центри, нема транзитни аранжмани. Таква иницијатива ниту е разгледувана, ниту постои политичка намера во таа насока. Сето тоа е апсолутна невистина“, изјави Муцунски.

    Тој посочи дека стратешкото партнерство со Обединетото Кралство се темели на соработка во економијата, политиката и безбедноста, со фокус на иницијативи што носат реални придобивки за граѓаните, а не на „измислени сценарија пласирани за дневнополитички потреби“.

    Според него, темата за мигранти се користи како „класичен обид за дефокус“, кој произлегува од, како што рече, драматично нискиот рејтинг и безидејноста на СДСМ.

    „Крајно неодговорно е да се одржуваат прес-конференции врз основа на сензационалистички, непроверени и неточни информации, со што намерно се создава лажна перцепција во јавноста и се злоупотребуваат чувствителни теми за партиски цели“, додаде Муцунски.

    Популарно

    Сиљановска-Давкова: Ние сме подобри од некои земји кандидати за ЕУ

    09.04.2026 во 22:30

    Битиќи: Владата нема капацитет, на 5% инфлација нема ниту една мерка за помош на граѓаните

    09.04.2026 во 22:19

    Шокантни бројки од Москва: Минатогодишното примирје прекршено скоро 5.000 пати

    09.04.2026 во 22:02

    Израел тргна во копнена офанзива: Активирана операцијата против Хезболах во Либан

    09.04.2026 во 21:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.