Close Menu
Press24
    Најново

    Километарски колони кон Грција: Над 17.000 патници ја напуштиле државата преку Гевгелија за 24 часа

    03.08.2026 во 13:15

    МВР во акција низ целата земја: За една недела приведени над 70 лица поради дрога

    03.08.2026 во 12:54

    Инцидент кај „Куклица“: Приведена 41-годишна жена од Кратово за напад врз посетители

    03.08.2026 во 12:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Километарски колони кон Грција: Над 17.000 патници ја напуштиле државата преку Гевгелија за 24 часа
    • МВР во акција низ целата земја: За една недела приведени над 70 лица поради дрога
    • Инцидент кај „Куклица“: Приведена 41-годишна жена од Кратово за напад врз посетители
    • Утре ќе нема струја шест часа – ЕВН најави исклучување во едно скопско село
    • УХМР најави дожд, од утре следува нов топлотен бран
    • УХМР ги објави температурите измерени во 11 часот – живата на термометарот надмина 32 степени
    • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Грижата за Скопје нема паузи, празници ниту продолжени викенди
    • МЗ: Епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитровски: Нашето брзо членство во ЕУ е нужност

    Димитровски: Нашето брзо членство во ЕУ е нужност

    10.12.2025 во 14:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска учествуваше на состанокот на Партнерската Комисија на САД – Јадранската Повелба (А5), што се одржа во Мостар, БиХ.

    Министерскиот состанок, со кој се заокружи претседавањето на Босна и Херцеговина со САД – Јадранската Повелба, собра претставници од земјите членки – Хрватска, Црна Гора, Албанија и САД, како и земјите набљудувачи од регионот – Србија, Косово и Словенија.

    Состанокот беше искористен за размена на мислења во однос на актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува регионот, како и за разгледување на можностите за понатамошно интензивирање на комуникацијата, координацијата и практичната соработка во справувањето со заедничките кризи и ризици. Посебен акцент беше ставен на досегашните постигнувања во рамките на А5 и перспективите на Јадранската Повелба како значајна регионална платформа за градење стабилност, соработка и отпорност.

    Дискусиите се фокусираа на современите хибридни закани, сајбер-ризиците, дезинформациските кампањи и последиците од природните непогоди. Учесниците ја нагласија потребата од координиран, конзистентен и засилен пристап, засилено партнерство, редовна размена на информации и развивање на усогласени механизми за брза реакција.

    Заменик министерот Димитровски ја реафирмираше силната посветеност на Република Северна Македонија кон зајакнување на улогата и релевантноста на САД – Јадранската Повелба како уникатна регионална платформа која придонесува за унапредување на стабилноста, безбедноста и евро-атлантската ориентација на земјите од Западен Балкан.

    „Нашата силна посветеност кон САД – Јадранската Повелба останува непроменета. Нашето брзо членство во Европската унија, како и членството на сите земји од регионот, е нужност и јасен безбедносен и стратешки приоритет за цела Европа“, истакна Димитровски.

    Во својата дискусија, тој ја подвлече и стратешката важност на унапредување на евро-атлантските процеси како алатка за зголемена отпорност и намалување на дестабилизирачките влијанија врз регионот.

    Земјите-членки на крајот од состанокот  ја изразија поддршката за претстојното преземање на претседавањето во 2026 година од страна на Република Хрватска.

    Прочитај повеќе

    Километарски колони кон Грција: Над 17.000 патници ја напуштиле државата преку Гевгелија за 24 часа

    03.08.2026 во 13:15

    МВР во акција низ целата земја: За една недела приведени над 70 лица поради дрога

    03.08.2026 во 12:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.