Close Menu
Press24
    Најново

    Скопската вода е безбедна за пиење

    10.06.2026 во 18:28

    Татко од Велес подолг период ги малтретирал и тепал неговите ќерки

    10.06.2026 во 18:16

    Петкоска до Тренчевска: Го оставивте земјоделството во хаос,  а министерот Трипуновски ви боде очи затоа што е нон стоп на терен помеѓу луѓето

    10.06.2026 во 17:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скопската вода е безбедна за пиење
    • Татко од Велес подолг период ги малтретирал и тепал неговите ќерки
    • Петкоска до Тренчевска: Го оставивте земјоделството во хаос,  а министерот Трипуновски ви боде очи затоа што е нон стоп на терен помеѓу луѓето
    • Стојаноска до Тренчевска: Да имавте вие министер за земјоделие како што е Трипуновски сега немаше да седите во опозициските клупи и да молчите криејќи се од правдата
    • Апасиев до Трипуновски: Вие сте министер на шумската и кванташката мафија
    • Ангелова: СДС не може да ги поднесе резултатите на министерот Трипуновски во земјоделството, затоа поднесува интерпелација
    • Петровска: Трипуновски потона во скандали и корупција, а земјоделците останаа без субвенции и без пари
    • Тренчевска: Предвидуваме зголемување на пензиите до 50 проценти во еден мандат
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Денеска ќе говорат адвокатите на директорите на ДЗС и министри: Продолжува судењето за пожарот во Пулс

    Денеска ќе говорат адвокатите на директорите на ДЗС и министри: Продолжува судењето за пожарот во Пулс

    10.12.2025 во 09:383 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани продолжува денеска во судницата во Идризово откако на изминатото рочиште одбраната на дел од обвинетите  ја оспори обвинителната постапка, оценувајќи ја како нецелосна и без конкретни докази за индивидуални дејствија. 

    Денешното рочиште од судењето кое започнува во 9:30 часот ќе може да се следи во живо на МИА Youtube и на МИА Facebook.

    Случајот, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, се води под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите и бројни новинари. 

    Досега воведен збор, покрај обвинителството, даде одбраната на првообвинетиот сопственикот на дискотеката Дејан Јованов, сопственик на ММММ Кафе, Митко Стојанов, обезбедувачот Стојанчо Димитриев и Гроздан Милковски, сопственик на објектот. Дел од обвинетите во воведните говори, ја оспорија основаноста на обвинението. 

    Воведен збор имаше и одбраната на поранешниот градоначалник Ратко Димитровски која истакна дека обвинението претставува преседан во правната практика, особено во делот на утврдување на причинско-последична врска. Според нив, тој не само што немал намера или умисла, туку бил единствениот кој реагирал и поднел барање за неиздавање дозвола за работа на дискотека или кабаре уште пред објектот да започне со работа.

    Одбраната на поранешните градоначалници Николчо Илијев и Љупчо Папазов нагласи дека постапката се води врз основа на нецелосна истрага и без обезбедени факти кои директно ги поврзуваат со катастрофата. Бранителите посочија дека нивните клиенти постапувале согласно закон и прописи, дека одговорноста за надзор и регулатива е во надлежност на стручните служби, и дека неправедна осуда би претставувала „втора трагедија“.

    Додека, одбраната на обвинетите градежни инспектори во случајот „Пулс“ во воведните говори од денешното судење нагласија дека „причината за трагедијата не е поради градежни пропусти на структурата на објектот“ и дека инспекторите „не можеле да постапат бидејќи немало пријава или наредба за инспекциски надзор“. Сите изразија жалење и сочувство на семејствата на починатите лица.

    Одбраната на обвинетите од обезбедувањето оцени дека обвинението е неосновано, без конкретни докази и изградено врз хаотични претпоставки. Адвокатите нагласија дека дел од обвинетите имале ограничени задачи и не можеле да спречат внес на пиротехника, а како клучни причини за трагедијата посочија институционални пропусти и недостиг на надзор.

    Преостанува уште воведниот збор од својата одбрана да ја дадат поранешните директори на ДЗС, меѓу кои Шабан Салиу, Аднан Џаферовски, Беким Максути и Џевад Селами, како и генералниот инспектор во ДЗС – Љупчо Грнчиштанов.

    Потоа поранешните министри Ваљон Сараќини и Крешник Бектеши, како и претставници од Министерството за економија меѓу кои Џеваир Камбери, Шефкет Хазари, Зоран Николовски, Беким Хаџиу, Арлинда Касапи и Размена Чекиќ Дуровиќ.

    Воведен збор треба да дадат и пазарните инспектори Миле Ампов, Блашка Евтимова, Весна Кузмановска и Емил Митев, а преостанува и воведниот збор на обвинетиот Александар Нацев, сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ чија постапка беше споена со оваа непосредно пред почетокот на судењето.

    Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, најави дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток, резултат на систематска негрижа и институционални пропусти.

    На обвинителна клупа се 37 лица – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедувачи и државни службеници.

    Прочитај повеќе

    Скопската вода е безбедна за пиење

    10.06.2026 во 18:28

    Татко од Велес подолг период ги малтретирал и тепал неговите ќерки

    10.06.2026 во 18:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.