Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете

    17.08.2026 во 13:55

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најмалку пет Палестинци загинаа во новите израелски напади врз Газа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Повторно блокиран граничниот премин Евзони

    Повторно блокиран граничниот премин Евзони

    05.12.2025 во 14:492 Mins Read
    ФОТО: Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Грчките земјоделци денеска околу 14 часот по локално време повторно го затворија граничниот премин Евзони (Богородица) за влез и излез од Грција кон Северна Македонија. Блокадата се очекува да трае до 22 часот вечерва.

    На грчката страна на Евзони се паркирани над 300 трактори. Блокади на овој премин имаше и вчера, во претпладневните часови, како и од 18 до 22:30 часот, по што сообраќајот беше нормализиран до денешниот нов прекин.

    Низ цела Грција, земјоделците имаат поставено вкупно 14 блока со над 6.000 трактори. Два од овие блока се на граничните премини кон нашата земја: Евзони и Ники (Меџитлија).

    На граничниот премин Ники, блокадата денеска траела кратко и се однесувала само на товарни возила, додека патничкиот сообраќај се одвивал.

    Засега, граничниот премин Дојран останува единствениот на кој нема блокади и сообраќајот се одвива непречено.

    Денеска се случија инциденти во близина на Солун, каде земјоделците се обиделе да постават нов блок кај солунскиот аеродром, но биле спречени од полицијата, која употребила солзавец.

    Големи блокади има и во внатрешноста на Грција:

    • Кај Никеа, во близина на Лариса: Околу 1.800 трактори и затворен автопатот Солун-Атина.
    • Кај градот Кардица: Над 2.000 трактори.

    На повеќе локации на блокадите, земјоделците поставија новогодишни елки, што се толкува како порака дека нема да отстапат и дека се подготвени празниците да ги поминат на улица. Протестите започнаа во неделата и засега нема информации за нивниот краен рок.

    Прочитај повеќе

    Спасена туристка на Халкидики, па доби казна од грчката крајбрежна стража

    17.08.2026 во 10:35

    Автобус со 84 патници излета од автопатот во Бугарија

    15.08.2026 во 11:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.