Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нападнат вработен во бензинска пумпа
    • „Гугл“ казнет со 403 милиони евра за следење на локацијата на корисниците
    • Софија Лорен го слави 92. роденден: Еден маж го одбележа целиот нејзин живот
    • Мисајловски: Зацврстувањето на одбранбените односи е уште еден силен импулс за јакнење на регионалната безбедност
    • Почина синот на Синди Крафорд, манекенот Пресли Гербер, имаше 27 години
    • Мицкоски разговараше за вложувања на американската воена индустрија
    • На тезга продавал пиротехника – заврши во станица
    • Невиден ужас во Австралија: Мајка избоде три деца – едното почина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Анализа: Шеќерните пијалаци ги консумираат и најмалите – ризиците растат

    Анализа: Шеќерните пијалаци ги консумираат и најмалите – ризиците растат

    03.12.2025 во 20:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најновата анализа на серија истражувања објавени во медицинското списание The Lancet предупредува дека ултрапреработената храна (УПФ) претставува сериозна закана за здравјето на децата ширум светот. Истражувањата укажуваат на тоа дека индустријата продолжува да промовира производи кои се богати со калории, но сиромашни со нутритивни вредности, со што се зголемува ризикот од бројни здравствени проблеми.

    Ултрапреработената храна најчесто содржи комбинација од шеќер, сол, нездрави масти, индустриски скроб и различни адитиви – меѓу кои емулгатори, прехранбени бои и засилувачи на вкус. Анализата посочува дека децата уште во најраните години масовно се изложени на овие производи. Во 11 држави опфатени со истражувањето, од 10 до 35 проценти од децата под пет години консумирале пијалаци засладени со шеќер.

    Со возраста, консумацијата дополнително расте. Според податоците, 60 проценти од адолесцентите изеле најмалку еден засладен производ денот пред да учествуваат во анкетата. Во индустријализираните земји, пак, над половина од дневниот калориски внес кај населението доаѓа токму од ултрапреработена храна.

    Анализата нагласува дека ваквите производи го максимизираат профитот на индустријата, но не се соодветни за детската исхрана. УПФ често доведува до дебелина поради високата калориска вредност и лесното прејадување, а поради ниската содржина на витамини и минерали ја потиснува здравата храна од исхраната. Истражувањата, исто така, утврдуваат поврзаност со нарушувања во растот, депресија, хиперактивност и проблеми во учењето.

    Прочитај повеќе

    Невиден ужас во Австралија: Мајка избоде три деца – едното почина

    21.09.2026 во 22:27

    Србија се подготвува за избори: Досега потврдени 11 кандидатски листи

    21.09.2026 во 22:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.