Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Над 200 камери ќе се поставуваат низ Скопје против дивите депонии и вандализмот во парковите
    • „Ме следеше и ме допираше по телото“ – исплашена скопјанка се јавила во полиција
    • Претепан ученик на голем одмор, напаѓачот извадил и пиштол – Драма пред училиште во Скопје
    • Хорор во Скопје: 17-годишник избодел 15-годишник
    • Скопје: Шестгодишно дете тешко повредено во сообраќајна несреќа со тротинет и автомобил
    • Се преврте автомобил во Скопје – повредени две млади девојки
    • „Мојот син е претепан од наставникот“ – Инцидент во основно училиште во Скопје
    • Мицкоски: Ако не правиме повеќе деца први сме на удар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Продолжува судењето за „Пулс“: Денеска воведни зборови на одбраната

    Продолжува судењето за „Пулс“: Денеска воведни зборови на одбраната

    02.12.2025 во 09:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска во судницата во Идризово продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што животот го загубија 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени.

    На денешната главна расправа се очекува да се продолжи со произнесување на вина и воведни зборови на одбраната.

    На минатото рочиште, Судот ги прифати приговорите на одбраната дека обвинението со листата на докази не им било доставено на обвинетите, поради што расправата беше одложена. Судот, за да не се одолговлекува постапката, донесе одлука оштетните побарувања да се остваруваат во граѓанска постапка, а присутните оштетени се приклучија кон кривичниот прогон.

    Обвинителот Борче Јанев на првото рочиште нагласи дека се бара одговорност „по име и презиме“, и дека општеството мора да се соочи со болната вистина.

    „Не е важно само кој го запалил огнот, важно е кој имал кофа вода и не ја истурил… Катастрофата не е резултат само на пиротехниката, туку на години институционален молк, пропусти и недостиг од контрола кои го претвориле клубот во смртоносна стапица,“ изјави Јанев.

    Судењето се одвива под засилени безбедносни мерки. Покрај обвинетите, присутни се роднини на настраданите, обвинители (тим од 15), бранители и медиуми. Судењето го води судијката Диана Груевска Илиевска.

    Трагедијата од 16 март 2025 година е резултат на систематска негрижа:

    • Дискотеката функционирала незаконски повеќе од една деценија без минимално-технички услови, со реконструкции без дозволи.
    • Објектот немал противпожарен систем, имал затворени прозорци и само еден излез за евакуација.
    • Користени биле лесно запаливи и токсични материјали (сунѓер на плафонот).
    • Критичната вечер бил дозволен неконтролиран влез на над 600 гости, меѓу кои и малолетници, со договорен настап на групата „ДНК“ и употреба на пиротехника.

    На обвинителна клупа се 37 обвинети: 34 физички и три правни лица, вклучувајќи сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници и државни службеници.

    Прочитај повеќе

    Над 200 камери ќе се поставуваат низ Скопје против дивите депонии и вандализмот во парковите

    20.10.2026 во 15:28

    „Ме следеше и ме допираше по телото“ – исплашена скопјанка се јавила во полиција

    20.10.2026 во 15:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.