Close Menu
Press24
    Најново

    Ердоган и Трамп разговараа за примирјето на Блискиот Исток

    08.04.2026 во 18:10

    Бојковска: Стратешкиот дијалог со САД е успех на нашата определба и посветеност во партнерство со САД

    08.04.2026 во 17:54

    Венс признава: „Мислевме дека ќе биде лесно, но Украина е нашиот најтежок предизвик“

    08.04.2026 во 17:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ердоган и Трамп разговараа за примирјето на Блискиот Исток
    • Бојковска: Стратешкиот дијалог со САД е успех на нашата определба и посветеност во партнерство со САД
    • Венс признава: „Мислевме дека ќе биде лесно, но Украина е нашиот најтежок предизвик“
    • Бочварски: Власта ветуваше 250 милиони евра годишно од унгарскиот кредит за општинските проекти, се реализираат само 16%
    • Тркалезна маса на тема: Подготвеноста на институциите за одговор на СММИ
    • Татко и двајца синови со боксирачи и гасен пиштол претепале вработени на гробиштата во Бутел: Обвинителството бара притвор
    • Хоџа: Градиме модерен систем за менаџирање со водите по европски стандарди
    • Спасовски: ВМРО ја партизира и Регулаторната за енергетика, како сопственик на хидроцентрили ќе биде независен директор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Рокас во Кочани: ЕУ останува сигурен партнер за заздравување на градот по трагедијата

    Рокас во Кочани: ЕУ останува сигурен партнер за заздравување на градот по трагедијата

    27.11.2025 во 17:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европската Унија ќе остане сигурен партнер додека Кочани продолжува да заздравува од катастрофалната загуба, порача евроамбасадорот Михалис Рокас, кој денеска го посети градот за да оддаде почит на 63-те жртви од пожарот што се случи на 16 март годинава.

    Делегацијата на ЕУ оствари серија дискусии зад затворени врати со здружението на родителите на жртвите „16 март 2025“ и со група преживеани лица, нудејќи им безбеден простор за споделување на искуствата со поддршка на експерти од Центарот за психосоцијална и кризна акција.

    На официјалните средби со градоначалникот Владко Грозданов и Советот на Општината, беше разговарано за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните речиси девет месеци по трагедијата, како и за приоритетите за развој. Рокас најави широк спектар на иницијативи, вклучувајќи надградба на медицинската опрема, подобрување на управувањето со животната средина и енергетски ефикасна реконструкција на јавни згради.

    Посебен фокус беше ставен на младите преку најавата за нова „Јуроп хаус“ (Europe House) во Кочани.

    „Кочани покажа сила во година обележана со катастрофална загуба. Денес дојдовме пред сè да ја слушнеме и да ја поддржиме заедницата. Посветеноста на семејствата, посветеноста на локалните институции и енергијата на младите луѓе тука се јасни. Европската Унија ќе остане сигурен партнер додека Кочани продолжува да заздравува и да се движи напред“, изјави амбасадорот Рокас по посетата.

    Популарно

    Ердоган и Трамп разговараа за примирјето на Блискиот Исток

    08.04.2026 во 18:10

    Бојковска: Стратешкиот дијалог со САД е успех на нашата определба и посветеност во партнерство со САД

    08.04.2026 во 17:54

    Венс признава: „Мислевме дека ќе биде лесно, но Украина е нашиот најтежок предизвик“

    08.04.2026 во 17:41

    Бочварски: Власта ветуваше 250 милиони евра годишно од унгарскиот кредит за општинските проекти, се реализираат само 16%

    08.04.2026 во 17:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.