Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Талески: Власта призна дека нема поднесено барање за екстрадиција на Груевски

    Талески: Власта призна дека нема поднесено барање за екстрадиција на Груевски

    27.11.2025 во 14:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, остро реагираше на денешното однесување на министерот за правда кој призна дека власта нема поднесено ново барање за екстрадиција на Никола Груевски и побара писмен одговор зошто.

    „Добивме од мизерен човек мизерен одговор. Очигледно марионетството на ЗНАМ и полтровството коешто се однесува во нивното партиципирање во Владата конкретно го гледаме во овој конечен пример. Со оглед на тоа дека министерот потврди дека нема Министерството за правда поднесено барање за екстрадиција на бегалецот Никола Груевски, барам овој одговор којшто го дадете тука пред македонската јавност, овој мизерен одговор од мизерниот министер да го поднеси писмено. Имам дополнително прашање коешто барам да ми биде доставено во писмена форма. Зошто Министерството за правда до овој момент нема поднесено барање до Унгарија за екстрадиција на Никола Груевски? “ рече пратеникот Миле Талески.

    СДСМ оценува дека ова признание е за врските на актуелната власт со Мицкоски, политичка зависност и сериозни сомнежи дека Владата свесно го штити бегалецот од правдата.

    Претходно, поставувајќи пратеничко прашање, Миле Талески обвини дека „Христијан Мицкоски политички и идеолошки се формира по ликот и делото на Никола Груевски.“

    „Дури и самите политики што денес ги гледаме на оваа влада се идентични со политиките на Никола Груевски: злоупотреба на државни институции во партиски цели, злоупотреба на полиција, на АНБ, на УЈП, инспекции… Од друга страна напад врз независни институции, обиди за замолчување на неистомисленици, политичка хајка против опозицијата. Понатаму, меѓународна изолација, блокирани реформи, обиди за контрола врз судството, тендери за испумпување пари, корупција на секој чекор, се само копија на матрицата на Никола Груевски. Сите знаеме за патувања на министри во Унгарија на секои 2 недели. Претседателката Давкова вели не е време за реформи затоа што е време за војни, идентични ставови со оние на Никола Груевски од Будимпешта.  Сума сумарум само се потврдува впечатокот дека влијанијата од Будимпешта се многу силни.“ рече Талески.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.