Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете

    17.08.2026 во 13:55

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски во работна посета на Литванија: Интензивирање на економската соработка на 30-годишнината од дипломатските односи

    Муцунски во работна посета на Литванија: Интензивирање на економската соработка на 30-годишнината од дипломатските односи

    26.11.2025 во 20:432 Mins Read
    ФОТО: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На покана на министерот за надворешни работи на Република Литванија, г-дин Кештутис Будрис, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски од 26 до 29 ноември 2025 година ќе оствари работна посета на Република Литванија.

    Во рамки на посетата, покрај средбата со својот домаќин, министерот Будрис, во литванскиот Парламент министерот Муцунски ќе оствари средба со литвански пратеници членови на комисиите за надворешни работи, ЕУ прашања и членови на Групата за соработка со земјите од Западен Балкан (се чека потврда за кои пратеници точно).

    Во фокус на разговорите на вториот ден од посетата ќе бидат економските потенцијали и развојот на трговските односи, при што министерот Муцунски ќе ја посети литванската Конфедерација на индустријалци, каде ќе оствари средба со нејзиниот претседател г-дин Видмандас Јанулевичиус и Министерството за економија, каде ќе се сретне со министерот Eдвинас Грикшас.

    Во Вилнус, министерот Муцунски ќе оствари и средба со македонски исселеници кои живеат и работат во Литванија. 

    Ова е прва посета на министерот Муцунски на Вилнус и се реализира во годината во која двете земји одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Целта на посетата е севкупно интензивирање на билатералните односи, со посебен акцент на продлабочувањето на економската соработка меѓу двете земји. Главни теми на разговорите ќе бидат билатералните односи, македонската интеграција во ЕУ, како и клучни регионални, европски и трансатлантски прашања.

    Прочитај повеќе

    Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување

    17.08.2026 во 22:11

    Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров

    17.08.2026 во 22:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.