Close Menu
Press24
    Најново

    Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите

    07.07.2026 во 21:41

    Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните

    07.07.2026 во 21:39

    Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане

    07.07.2026 во 14:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Млада скопјанка пронајдена почината во стан во Аеродром
    • Камбовски: Правилникот за надосместоците на судиите-поротници е стар повеке од 15 години
    • Стојаноски: Ќе прифатиме се што ќе договорат опозициските партии, ако биде прифатен нашиот став – дијаспората да може да гласа
    • Економија: Дел од поскапувањето не се должи на реални трошоци, туку на напумпување цени
    • По подолго време пад на трошоците на живот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноски: ВМРО, ЗНАМ и ВРЕДИ поднесоа анкетна комисија за Пулс, Ласкарци, Тетово и Беса Транс

    Стојаноски: ВМРО, ЗНАМ и ВРЕДИ поднесоа анкетна комисија за Пулс, Ласкарци, Тетово и Беса Транс

    24.11.2025 во 13:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ве известуваме дека Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ, денес поднесовме Иницијатива за формирање Анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во Република Македонија, рече Бојан Стојаноски, пратеник од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

    „Анкетната комисија ќе има за цел утврдување на одговорност на функционери,
    носители на јавни функции и други поврзани лица, како и да ги утврди
    околностите за постапувањето на институциите за следните трагедии/несреќи:

    • пожарот во објект – ноќен клуб/кабаре во Кочани; – пожарот во модуларната болница во Тетово; – сообраќајната несреќа на „Дурмо Турс“ во Ласкарци; и – сообраќајната несреќа на „Беса Транс“ во Бугарија.
      77 – те потписи се доказ дека ние не сакаме да ги политизираме овие трагични настани туку сакаме да помогнеме засегнатите да добијат правда.
      Сите прашања мораат да бидат одговорени, а сите случаи треба да го добијат неопходниот епилог.
      Анкетната комисија ќе се формира врз основа на член 124, став 5 од Деловникот на Собранието. Ќе ја сочинуваат 15 членови и нивни заменици, од кои: седум членови ќе бидат предложени од пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ, два од пратеничката група СДСМ, два члена од пратеничката група ЕВРОПСКИ ФРОНТ, два члена од пратеничката група на ВРЕДИ, еден член од пратеничката група на ЗНАМ и еден член од пратеничката група на ЛЕВИЦА.

      Со неа ќе претседава пратеник од редовите на опозициските партии. Форматот, односно составот е клучната разлика, што ја прави оваа комисија деловничка и легитимна, за разлика од некои други обиди во минатото.
      Само на овој начин може да дојдеме до резултат и конкретен одговор на секое прашање. Комисијата ќе изготви наоди кои ќе бидат основ за поведување на постапка за утврдување на одговорност на сите инволвирани кои придонеле кон случување, односно не придонеле кон спречување на овие трагични настани“, посочи Стојаноски.

    Стојаноски истакна дека секоја пратеничка група има право да предложи листа од сведоци и експерти.

    „Секој сведок или експерт поканет да даде изјава пред Анкетната комисија има обврска да се појави пред пратениците.
    Притоа, комисијата ќе изготвува извештаи кои ќе се доставуваат до Владата на Република Македонија и Јавното обвинителство.
    Јавно ги повикувам пратениците и од другите политички партии да се приклучат кон оваа иницијатива и активно да придонесат во нејзината работа, се со цел да направиме вистински чекор напред кон поправедна држава“, нагласи Стојаноски.

    Прочитај повеќе

    Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите

    07.07.2026 во 21:41

    Стојаноски: Ќе прифатиме се што ќе договорат опозициските партии, ако биде прифатен нашиот став – дијаспората да може да гласа

    07.07.2026 во 13:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.