Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41

    Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?

    20.09.2026 во 12:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Кацарска по насока на СДС бара укинување на 7.000 денари за пензионерите

    Манасиевски: Кацарска по насока на СДС бара укинување на 7.000 денари за пензионерите

    23.11.2025 во 12:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Добрила Кацарска која е позната по своите одлуки во корист на неправдата, по насока на СДС бара укинување на 7000 денари на пензионерите, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ .

    Судијката Кацарска која досуди 200 години за 27 април и како за награда од СДС, преку ноќ стана уставен судија, го загуби својот кредибилитет пред народот. Наместо да ја врати довербата и да покаже независност, таа продолжи и натаму да одработува за СДС и по нивна насока поднесе предмет до Уставниот суд за укинување на 7000 денари за пензионерите, вели Манасиевски.

    „Граѓаните веќе јасно можат да ја увидат дволичноста на контаминираното судство на СДС, со примери како Добрила Кацарска, луѓе кои без срам наместо да работат во интерес на граѓаните, тие да можат ќе им ги ускратат нивните законски права.

    Судството кое сеуште е под диктат на СДС, од една страна бара зголемување на нивните плати со 2% доверба, а од друга страна сака да им одземе на пензионерите добар дел од нивните пензии. Чест на исклучоци, секако, овие судии и обвинители како Добрила Кацарска, се само мал дел од овој корумпиран судски систем.

    Затоа, како ВМРО-ДПМНЕ бараме реформи во судството и во обвинителството, за овие чесни исклучоци и луѓе кои си ја вршат работата законски и чесно, да дојдат до израз, а не луѓе како Добрила Кацарска да владеат со нашето правосудството“, посочи Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.