Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Н.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Пријавениот, како самостоен референт – контролор во Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи при СВР Велес, постапувајќи по предмет за одземање на оружје и дозвола за поседување на оружје од лице за кое претходно се водела управна постапка, иако бил истечен законски утврдениот рок, пријавениот спротивно на одредбите од Законот за општата управна постапка, ја повторил постапката и изготвил решение со кое ја запрел и покрај тоа што за истиот предмет Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен Скопје донела решение со правна поука во која лицето било упатено на поведување управен спор пред надлежен Управен суд.
Со наведените дејствија, пријавениот му овозможил на лицето да му биде вратено одземеното оружје и дозволата за поседување на оружје. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Н.Т. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место.
- „Летала“ со автомобилот: 24 годишна девојка од Подмочани возела 142 км/ч на место каде дозволено е 50
- Црна Гора го преименува базенот во Котор: Исполнето барањето на Хрватска на патот кон ЕУ
- По немирите во Франција: Владата ветува остра безбедносна реакција и засилено присуство на полицијата
- Божиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжува
- Трамп: Ѝ дадовме многу на Украина, тие нам ништо не ни дадоа
- Ученик нападнат на голем одмор, еден од напаѓачите извадил пиштол
- Проверете си ги сметките: Во тек е исплатата на родителски додаток за дете
- Поевтин дизел за два денари до 2 ноември – Министерството за енергетика ја поздрави одлуката на ОКТА

