Close Menu
Press24
    Најново

    Во Атина уапсен сопственик на галерија под сомнение дека продавал фалсификувани уметнички дела, но и Евангелие од 18 век

    25.03.2026 во 23:38

    Сопругата на претседателот Мицкоски на глобален самит во Вашингтон во организација на Меланија Трамп: Целта на Владата е младите да ја разбираат технологијата

    25.03.2026 во 23:13

    Андреј Жерновски назначен за Меѓународен секретар на СДСМ: Овие се новите кадровски освежувања

    25.03.2026 во 23:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во Атина уапсен сопственик на галерија под сомнение дека продавал фалсификувани уметнички дела, но и Евангелие од 18 век
    • Сопругата на претседателот Мицкоски на глобален самит во Вашингтон во организација на Меланија Трамп: Целта на Владата е младите да ја разбираат технологијата
    • Андреј Жерновски назначен за Меѓународен секретар на СДСМ: Овие се новите кадровски освежувања
    • Трамп ја одложи посетата на Пекинг за 14 и 15 мај поради војната
    • Судска пресуда против технo-гигантите: „Мета“ и „Гугл“ казнети со милиони за нарушено здравје на девојка
    • Андоновски: Опозицијата неаргументирано обвинува, но граѓаните ја гледаат и ценат работата на Владата
    • Хаос во РЕК Битола: Со храна се отруле над 80 лица
    • Ливит: Разговорите меѓу САД и Иран продолжуваат, Трамп не блефира
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Законот за Судски совет доби зелено светло од Владата, ќе патува до Брисел пред да добие амин од пратениците

    Законот за Судски совет доби зелено светло од Владата, ќе патува до Брисел пред да добие амин од пратениците

    20.11.2025 во 17:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Законот за Судски совет, кој е дел од сетот реформи во правосудниот систем, поминал на Влада.  Сега Муртезани има задача да го испрати во Брисел, за Европската Комисија да напише евентуални забелешки. Кога истиот ќе се врати дома, следува процес на имплементација на забелешките, пред официјално да биде испратен во Собрание, за да добие амин од пратениците.

    „Законот ја помина целата владина процедура и на последната седница на владата е донесен законот. Очекуваме во брз период откако ќе биде пратен во ЕК, да биде доставен до нас заедно со одредени евентуални забелешки, кои повторно ќе бидат надоградени законските решенија со истите и веднаш ќе биде испратен во собраниска процедура“, изјави Ален Деберан, заменик министер за правда.

    Првично овој закон требаше да биде донесен до јуни, но добивме грејс период до јуни 2026-та година. Иако се подготвува нов, актуелниот мора да се почитува. Па, почитувајки го актуелниот, денеска Собранието распиша оглас за нов член на Судски совет, бидејќи за кратко истекува мандатот на Селим Адеми.

    „Во моментов, сите органи и институции се должни да ги почитуваат важечките закони, без разлика во која фаза на донесување се оние од дел од пакетот од реформаската агенда. Меѓутоа не облигаторно, очекувам да ги имаат критериумите кои се во новото законско решение, а кои се дел од препораките на Оценската мисија“, дополни заменик-министерот за правда.

    Од Правда велат дека работат и на другите закони  кои се дел од пакетот реформи во правосдуството. Меѓу нив и измената на Кривичниот законик.

    Во меѓувреме, премиерот уште еднаш повтори дека не гледа причина да се зголеми буџетот за судството бидејќи Македонија како држава одвојува од буџетот пари за правосудниот систем, повеќе од 75% од земји -членки на ЕУ.

    Јас мислам дека 0,25 проценти е нешто кое што е прифатливо за судовите и 0,1 процент за обвинителите или се вкупно 0,35 проценти од нашиот БДП. Ќе повторам има претседатели на судови кои што имаат месечни примања од околу 180.000 денари, отприлика 3.000 евра месечно. Јас како премиер мојата плата заедно со стажот со годините кои што ги имам од претходно е 155.000 денари, значи од прилика 2.500 евра. Не мора да е многу подолу, иста нека биде на претседател на суд, изјави премиерот Мицкоски. 

    Дополни дека нема да се мешаат во плановите за вработување и унапредување, но како Влада се одговорни за трошењето на секој денар народни пари

    Популарно

    Во Атина уапсен сопственик на галерија под сомнение дека продавал фалсификувани уметнички дела, но и Евангелие од 18 век

    25.03.2026 во 23:38

    Сопругата на претседателот Мицкоски на глобален самит во Вашингтон во организација на Меланија Трамп: Целта на Владата е младите да ја разбираат технологијата

    25.03.2026 во 23:13

    Андреј Жерновски назначен за Меѓународен секретар на СДСМ: Овие се новите кадровски освежувања

    25.03.2026 во 23:05

    Трамп ја одложи посетата на Пекинг за 14 и 15 мај поради војната

    25.03.2026 во 22:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.