Close Menu
Press24
    Најново

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    СДСМ: Кој е Милко Бошковски?

    18.08.2026 во 11:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Граната од Првата светска војна пронајдена во рудник „Суводол“
    • Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира
    • Почнаа уписите на УКИМ
    • Малолетник падна в рацете на полицијата – го фатија со марихуана
    • Орхан Муртезани: Ја продолжувам јавната служба како амбасадор во НАТО
    • Во Франција најавуваат користење ВИ за тестирање кибер безбедност на државните агенции
    • Директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов во посета на Општина Маврово и Ростуше
    • ЦУК: До 18 часот 11 активни пожари, а три под контрола
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пчиња се излеа пред Куманово: Извлечени две лица од поплавен автомобил

    Пчиња се излеа пред Куманово: Извлечени две лица од поплавен автомобил

    19.11.2025 во 12:591 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Реката Пчиња се излеа од своето корито во селата Пелинце и Стрновац, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Куманово.

    Од општина Старо Нагоричане информирале дека на подрачјето на село Пелинце, во близина на Меморијалниот центар АСНОМ, како и кај бања Стрновац, водата се излеала околу 20 сантиметри над нивото на речното корито.

    Според РЦУК, во моментот излевањето не зафаќа куќи или викендици. Дополнително, кај Коински мост е забележано насобирање на поголема количина дрвја, што го отежнува нормалниот проток на реката. За состојбата е навремено известено Водостопанство Куманово, кое ќе постапи согласно своите надлежности.

    Двајца возачи утрово заглавиле со автомобил во надојдената вода во село Стрновац поради создадените вирови, но биле извлечени од пожарникарите од општината.

    Според Управата за хидрометеоролошки работи, водостојот на реката Пчиња кај Пелинце утрово изнесува 120 сантиметри, додека вчера бил 18 сантиметри. Тоа е три пати повисоко од просекот за ноември, кој изнесува 41 сантиметар, со тенденција за понатамошен пораст.

    Прочитај повеќе

    Граната од Првата светска војна пронајдена во рудник „Суводол“

    18.08.2026 во 20:27

    Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира

    18.08.2026 во 20:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.