Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете

    17.08.2026 во 13:55

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Историско судење: Ако „Мета“ го загуби спорот, Instagram и Facebook би можеле засекогаш да се променат
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » УХМР предупредување: Подгответе се за невреме проследено со дожд и силен ветер

    УХМР предупредување: Подгответе се за невреме проследено со дожд и силен ветер

    18.11.2025 во 09:041 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Времето денеска во земјава ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. УХМР предупредува дека на места врнежите ќе бидат пообилни, со очекувана количина над 30 литри на квадратен метар за 24 часа.

    Локално се можни и услови за невреме со засилен ветер, кој ќе надминува 60 километри на час, како и појава на ретки грмежи.

    Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

    Минималните температури ќе бидат во интервал од 6 до 11, а максималните ќе достигнат од 13 до 18 степени.

    Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во делови од котлината повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8 °C, а максималната ќе достигне 14 °C.

    Најава за периодот до крајот на седмицата:

    Под влијание на серија влажни воздушни бранови, до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме, засилен јужен ветер (над 60 км/ч) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 л/м²).

    Прочитај повеќе

    Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување

    17.08.2026 во 22:11

    Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров

    17.08.2026 во 22:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.