Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Утре пристигнува првиот снег во регионот

    21.09.2026 во 11:22

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пожар во скопска Железара
    • ВИДЕО: Прв снег на Копаоник
    • Спречен крвав масакр во Полска: Уапсен 17-годишен тинејџер кој планирал напади врз училиште и џамија
    • Додик: Следната фаза е „подигнување на самостојноста и автономијата“ на Република Српска
    • Трамп: Америка се врати и ѝ оди подобро од кога било
    • Прилепчанец дивеел во сендвичара: Тепал, кршел и се заканувал
    • Серафимовски-Ле Риголер: Постојат нови можности за продлабочување на соработката со Франција во земјоделството
    • Муакетов на 25. Конференција на Македонската берза: Мал пазар голема можност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче: Реформи нема, Македонија губи време

    Филипче: Реформи нема, Македонија губи време

    17.11.2025 во 12:542 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешната седница на Националниот совет за евроинтеграција, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати сериозни критики за состојбата со реформите и европскиот пат на државата, нагласувајќи дека Македонија стои во место, а владата нема политичка волја за суштински реформи.

    „Јасно кажува овој извештај, дека реформи нема, го губиме времето. Ова е еден од најлошите извештаи кои што државата го добила. Полош е само тој во 2015 година, кога сме оценети како заробена држава.“ рече Филипче.

    Тој истакна дека нема напредок во клучни области и дека државата ризикува нови услови за отворање на преговорите.

    „Нема напредок во клучните области. Од тука се гледа дека оваа влада нема политичка волја да ги направи реформите, жалам што денеска слушам, дека денеска и овој период не бил време за реформи. Ако до минатата година имаше само еден услов, после еден таков извештај, не сум сигурен дека понатаму нема да имаме и други услови.“ додаде Филипче.

    Филипче ги истакна забелешките на Европската комисија за правосудството, борбата против корупцијата, медиумските реформи, економијата и образованието, сектори во кои, според ЕК, нема напредок или е забележано назадување.

    „Генералната независност и финансиска автономија на правосудството се поткопани. Нема напредок ниту во борбата против корупцијата. Владата нема напредок во клучни реформи поврзани со економските критериуми. Никој нема да биде крив, целата одговорност е во владината коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН. “ потенцираше Филипче.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Да ги внесеме Бугарите во Уставот па ако не блокираат ќе ја користиме уметноста на политиката

    22.09.2026 во 14:34

    Шасивари на тркалезна маса: Јавните средства за партиските аналитички центри мора да произведуваат јавна вредност

    22.09.2026 во 13:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.