Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, утре, 14.11.2025 година (петок), ќе присуствува на свечен настан.
Настанот се одржува по повод одбележувањето на 25 години од постоењето на Фондот за здравствено осигурување во Македонија.
Премиерот Мицкоски ќе се обрати пред присутните во Македонската филхармонија, со почеток во 12:00 часот.

