Close Menu
Press24
    Најново

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    СДСМ: Кој е Милко Бошковски?

    18.08.2026 во 11:23

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Нова територија на САД“ – Вака Трамп ја нарече Ормуската Теснина
    • Ѓорѓиевски: Заедно кога е најпотребно – исплатена финансиска поддршка за онколошките пациенти
    • Лице кое имало здравствени проблеми со нож ја нападна својата мајка
    • Силен земјотрес ја потресе Шпанија – има повредени
    • За 6 часа санкционирани 166 пешаци – 130 од нив поминувале надвор од пешачки премин
    • Невреме го зафати струшкиот и беровскиот регион
    • Ѓорѓиевски: Исплатена е финансиската помош за сите онколошки пациенти кои ги исполниле условите
    • Приведен малолетник во Аеродром: Полицијата му пронашла марихуана
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВИДЕО: Глувци се шеткаат во студентскиот дом Пелагонија

    ВИДЕО: Глувци се шеткаат во студентскиот дом Пелагонија

    13.11.2025 во 14:34Updated:13.11.2025 во 14:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Алармантна состојбата за условите во еден од студентските домови во Македонија. Видео-снимка, која повеќе студенти ја испратиле до „Студентарија“, покажува како глувци се движат по таванот на тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје.

    Снимката, како што се наведува, уште еднаш го отвора прашањето за условите во кои живеат студентите, по серијата извештаи и фотографии за нехигиена и лоши услови кои пристигнуваа и од други студентски домови во изминатиот период.

    Според тврдењата на студентите, проблемот бил веднаш пријавен кај службите во домот. Меѓутоа, наместо соодветна интервенција и дератизација, тие наишле на несоодветен и омаловажувачки одговор.

    „’Од глувци ли се плашите?’, бил одговорот што го добиле студентите од службите во домот откако пријавиле дека во тоалетот им се наоѓаат група глувци,“ се вели во објавата.

    Дури по повторно поднесените жалби, според студентите, службите им дале „решение“ – им бил предаден отров, со објаснување дека самите треба да го постават во просториите каде што се движат глувците.

    Настанот повторно го актуелизира прашањето за студентскиот стандард и грижата на институциите за младите кои живеат во домовите во Скопје и низ државата – простори што треба да обезбедуваат достоинствени и безбедни услови за живеење, а не сцени што потсетуваат на запуштени подруми. објави Скопје1.мк

    ВИДЕОТО од тоа како се шетаат глувци погледнете го ОВДЕ

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Заедно кога е најпотребно – исплатена финансиска поддршка за онколошките пациенти

    18.08.2026 во 17:26

    Лице кое имало здравствени проблеми со нож ја нападна својата мајка

    18.08.2026 во 17:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.