Close Menu
    Најново

    Доктор Коска ќе биде нов Потпретседател на СДСМ

    13.11.2025 во 13:49

    Мицкоски за однесувањето на опозицијата по корупцискиот скандал: Да не стигне и до некои нивни поранешни функционери и министри?

    13.11.2025 во 12:50

    Николовски: Годинава поднесени 174 кривични пријави, трипати повеќе споредбено со лани

    13.11.2025 во 12:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Доктор Коска ќе биде нов Потпретседател на СДСМ
    • Мицкоски за однесувањето на опозицијата по корупцискиот скандал: Да не стигне и до некои нивни поранешни функционери и министри?
    • Николовски: Годинава поднесени 174 кривични пријави, трипати повеќе споредбено со лани
    • Манасиевски: Поранешни блиски соработници на Филипче поради него му го свртеа грбот на СДС
    • СДСМ: Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта, дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага?
    • Божиновска: Уште едно училиште со паметен систем за следење на потрошувачката на енергија
    • ФБ војна на Николовски и Трипуновски
    • ОЈО ја потврди кривичната за Беџети – се преземаат дејствија на проверки
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Доктор Коска ќе биде нов Потпретседател на СДСМ

    Доктор Коска ќе биде нов Потпретседател на СДСМ

    13.11.2025 во 13:49
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти дека ќе го предложи д-р Александар Трајановски за нов потпретседател на партијата. Предлогот ќе биде презентиран на седницата на Извршниот одбор, закажана за 18 часот. За назначувањето да стане официјално, потребно е да го одобри и Централниот комитет, но засега седница на највисокото партиско тело не е закажана.

    Филипче истакна дека процесот на кадровски промени се одвива внимателно и побара трпение од членовите и симпатизерите.

    „Вечерва ќе го презентирам дел од плановите. Сакам да најавам дека на позицијата потпретседател ќе го номинирам доктор Александар Трајановски, актуелен член на Извршниот одбор. Тој е исклучително посветен кадар, имаше одлична кампања и привлече многу внимание. Верувам дека ова ќе биде значајно кадровско зајакнување“, рече Филипче.

    Трајановски, кој беше кандидат за градоначалник на Аеродром на локалните избори, ќе биде предложен како наследник на Ана Чупеска, која поднесе оставка по изборите во 2025 година.

    Филипче ги демантираше медиумските написи дека бил одбиен од поранешен градоначалник, оценувајќи ги како апсолутни невистини.

    „Нема таков човек што одбил некаква понуда. Тоа не е точно“, истакна тој, додавајќи дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ се занимава со измислени теми наместо да даде одговори за економските предизвици.

    Популарно

    Падна висок функционер на ДУИ: Голема акција на полицијата во Сарај

    13.11.2025 во 10:39

    Блерим Беџети заработи кривична пријава

    13.11.2025 во 10:41

    (ВИДЕО) Трипуновски: За Љупчо Николовски има сериозни сомнежи за сторен криминал

    12.11.2025 во 20:49

    МВР до граѓаните: Ставете си зимски гуми

    12.11.2025 во 20:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.