Close Menu
Press24
    Најново

    Синдикатите: Минималната плата мора да расте во март

    14.03.2026 во 12:58

    Муцунски: Кочани покажа вистинска сила на меѓународната солидарност

    14.03.2026 во 12:39

    „РЕК е алка во бизнис шема“ – СДСМ обвинува Мицкоски за корупција

    14.03.2026 во 12:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Синдикатите: Минималната плата мора да расте во март
    • Муцунски: Кочани покажа вистинска сила на меѓународната солидарност
    • „РЕК е алка во бизнис шема“ – СДСМ обвинува Мицкоски за корупција
    • Уапсен скопјанец со кокаин за продажба во домот на Аеродром
    • Петрушевски: СДС и ССМ се исти, денешниот протест е политичка измама
    • Трамп: Војната со Иран ќе завршам кога ќе ми се чини правилно
    • Алиу на годишнината од кочанската трагедија: „Хуманоста нема граници, градиме систем што ќе реагира навреме“
    • СДСМ со силна поддршка за синдикалците: „Ова не е политика, туку борба за корка леб“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Диди се лекува од дрога и работи во капела

    Диди се лекува од дрога и работи во капела

    11.11.2025 во 19:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Раперот Шон „Диди“ Комбс, кој беше осуден на повеќе од четири години затвор поради обвиненија за проституција, ги минува своите први денови во федералниот затвор „Форт Дикс“. Диди, имено, работи во затворската капела и посетува програма за лекување од дрога, покажуваат затворските записи.

    Како што пренесува „Си-би-ес“ (CBS), Комбс, исто така, се соочува со дисциплински мерки за недозволен телефонски повик, што може да води до привремено губење на неговите права на телефон и продавница во затворот. Повиците биле упатени до повеќе луѓе, отколку што дозволуваат затворските правила, иако Комбс тврдел дека имало еден повик со неговиот правен тим и за соопштение за медиумите.

    Мината седмица се проширија и информации дека Диди во затворот бил фатен со „домашно направен напиток“ од алкохол. Раперот ги отфрли тие наводи.

    Комбс е запишан и во „Програмата за лекување од злоупотреба на дрога“ (РДАП), најинтензивната програма за рехабилитација од дрога во затворот, којашто може да му ја намали казната до една година. Неговата претставничка рече дека раперот е „активно вклучен во неговиот процес на рехабилитација“ и оти е сосредоточен на промени кон подобро.

    За време на судењето, Комбс изјави дека неговите проблеми со дрога и алкохол се главната причина за неговите постапки, истакнувајќи дека сега, првпат по 25 години, е трезен.

    Популарно

    Петок со сонце и пролетни температури – Од утре лош пресврт со времето

    13.03.2026 во 08:04

    Експлозии среде Техеран: Нападнат државен митинг, Иран најави сурова одмазда

    13.03.2026 во 23:01

    Пленковиќ алармира: Новото кинеско оружје на Србија е прашање со кое мора да се занимава НАТО

    13.03.2026 во 22:53

    САД подготвени за масовен удар: „Трамп ги држи сите карти во свои раце“, тврди Хегсет

    13.03.2026 во 21:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.