Close Menu
    Најново

    Малата Евгенија Камчева е првото новороденче во Скопје: „Ти си најубавиот почеток на новата година“

    01.01.2026 во 11:47

    Новогодишен хорор во Швајцарија: Најмалку 40 загинати во експлозија во познат ски-центар, прогласена вонредна состојба

    01.01.2026 во 11:26

    Безобѕирно возење за Нова година: Еден се заби во канделабра во Велес, друг возеше во спротивен правец во Кочани

    01.01.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Малата Евгенија Камчева е првото новороденче во Скопје: „Ти си најубавиот почеток на новата година“
    • Новогодишен хорор во Швајцарија: Најмалку 40 загинати во експлозија во познат ски-центар, прогласена вонредна состојба
    • Безобѕирно возење за Нова година: Еден се заби во канделабра во Велес, друг возеше во спротивен правец во Кочани
    • Николоски: Во 2026 влегуваме со засилено темпо и уште повеќе проекти за Македонија
    • Од денеска во Бугарија се плаќа со евра
    • Мицкоски славеше на плоштад: „Заедно со нашиот народ да ја дочекаме Новата година“
    • Историски рекорд на македонските патишта: Наплатени над 67,6 милиони евра од патарини – 2025 година најпрофитабилна досега
    • Мицкоски на терен: Увид во капитални проекти вредни милиони во Кавадарци
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » САД се подготвуваат за масовно производство на дронови, со цел домашен синџир на снабдување

    САД се подготвуваат за масовно производство на дронови, со цел домашен синџир на снабдување

    07.11.2025 во 22:17
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Американската армија планира да купи најмалку еден милион дронови во следните две до три години и може да набавува од половина милион до еден милион дронови годишно во наредниот период, изјави секретарот на армијата Даниел Дрискол.

    Во интервју за Ројтерс, Дрискол опиша значително проширување на планот за набавка на беспилотни летала, признавајќи дека тоа претставува предизвик со оглед на сегашниот капацитет — околу 50.000 дронови годишно.

    – Тоа е голем предизвик. Но, тоа е предизвик со кој сме целосно способни да се справиме, рече Дрискол, пренесе БТА.

    Малите и евтини дронови се покажаа како моќно оружје во конфликтот меѓу Русија и Украина, каде конвенционалните воени авиони се користат поретко поради густата концентрација на системи за противвоздушна одбрана. Дрискол посочи и дека Украина и Русија произведуваат по околу 4 милиони беспилотни летала годишно, додека Кина веројатно може да произведе повеќе од двојно повеќе.

    Секретарот наведе дека негов приоритет е САД да имаат домашно производство за клучни компоненти — од мотори и сензори до батерии и електроника — бидејќи денес голем дел од тоа производство е контролирано од Кина.

    – Очекуваме да купиме најмалку еден милион беспилотни летала во следните две до три години, рече секретарот.

    – И очекуваме дека за една или две години од сега, ќе знаеме дека во време на конфликт, ќе можеме да активираме синџир на снабдување кој е доволно робустен и длабок за да може да го активира производството на онолку дронови колку што ни се потребни, додаде тој.

    Дрискол нагласи дека сака да ја промени перцепцијата за дроновите во армијата — да се тргнат од гледиште на „фина“ опрема и да се почнат да се користат како муниција за еднократна употреба кога е потребно.

    Популарно

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Историски рекорд на македонските патишта: Наплатени над 67,6 милиони евра од патарини – 2025 година најпрофитабилна досега

    01.01.2026 во 09:39

    Хорор во регионот: Силна експлозија ОДЕКНА пред училиште

    30.12.2025 во 10:43

    Новогодишен хорор во Швајцарија: Најмалку 40 загинати во експлозија во познат ски-центар, прогласена вонредна состојба

    01.01.2026 во 11:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.