Close Menu
Press24
    Најново

    Македонија ја зафаќа силно невреме: УХМР со аларм за пороен дожд, силен ветер и град

    15.05.2026 во 11:51

    Уапсен началникот на белградската полиција

    15.05.2026 во 11:45

    Од 2027 година Jeep и Peugeot ќе се произведуваат во Кина

    15.05.2026 во 11:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонија ја зафаќа силно невреме: УХМР со аларм за пороен дожд, силен ветер и град
    • Уапсен началникот на белградската полиција
    • Од 2027 година Jeep и Peugeot ќе се произведуваат во Кина
    • Тешка сообраќајка во Скопје: Автомобил удри во 13-годишен велосипедист, возачот лишен од слобода
    • СДСМ: ВМРО намерно ја плаши јавноста со „бугарска опасност“ за да ја блокира европската иднина на Македонија
    • Трамп го губи трпението: Иран мора да склучи договор
    • МВР го бара сопственикот на волкот од Козле: Казната за чување диво животно достигнува и до 20.000 евра
    • Жерновски: Во нормална држава Мицкоски веднаш ќе си дадеше оставка за повикот до јавниот обвинител
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гранична полиција спречи шверц на добиток кај Дебар: Лицата се разбегале кон Албанија

    Гранична полиција спречи шверц на добиток кај Дебар: Лицата се разбегале кон Албанија

    07.11.2025 во 14:331 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонската гранична полиција спречи обид за шверц на добиток од македонска на албанска територија, преку „зелениот појас“ на границата кај Дебар.

    Според информациите од СВР Охрид, вчера околу 18:30 часот, полициски службеници од станицата „Блато“ пресретнале група од шест лица при контрола на граничниот појас кај месноста „Спаски дол“.

    „Кога ја забележале полициската патрола, лицата се разбегале назад кон албанската територија, оставајќи го добитокот кој бил без ушна маркица“, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

    Групата илегално ја преминала границата и водела четири телиња кои биле без ушни маркици. Надлежните органи преземаат мерки за понатамошно постапување со запленетиот добиток.

    Ова е еден од многуте неуспешни обиди за шверц, кој се одвива преку пограничните села кај Дебар. Во шверцот се вклучени македонски и албански граѓани, при што едните го обезбедуваат, а другите го преземаат добитокот. Шверцот е мотивиран од повисоката цена на месото и живиот добиток на територијата на Албанија.

    Прочитај повеќе

    Тешка сообраќајка во Скопје: Автомобил удри во 13-годишен велосипедист, возачот лишен од слобода

    15.05.2026 во 11:30

    МВР го бара сопственикот на волкот од Козле: Казната за чување диво животно достигнува и до 20.000 евра

    15.05.2026 во 11:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.