Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Голема пресвртница во 2027 година за еден хороскопски знак – пристигнуваат подобри денови, пари и љубов
    • Афера со лажни испити: Професорка осудена на затвор, студентите полагале само на хартија
    • 58 возачи останаа без возачка, двајца и без возилата – Полицијата правеше чистка
    • Трамп: Време е некој друг да преговара во име на Украина
    • Историска евакуација: Украинската армија со летачки дрон извлече ранет војник од фронтот
    • Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени
    • Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците
    • На 4 хороскопски знаци расположението им се менува во секунда – еве зошто
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мисајловски: Македонија е обоена во црвено

    Мисајловски: Македонија е обоена во црвено

    03.11.2025 во 12:303 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, прогласи историска победа на локалните избори, истакнувајќи дека партијата освоила 54 општини, вклучувајќи го и Градот Скопје. Според него, ова е победа на народот и голема обврска за испорачување резултати.

    Мисајловски потенцираше дека заедно со коалицијата, ВМРО-ДПМНЕ освоила 66 општини од вкупно 81, докажувајќи дека владината коалиција е стабилна и легитимна.

    Македонија е обоена во црвено, истакна Мисајловски.

    „Од Кичево до Кочани. Од Брвеница до Валандово. Граѓаните го направија вистинскиот избор. Со освоени 54 општини и градот Скопје ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие локални избори. А Владината коалиција, на овие избори, докажа дека е повеќе од стабилна и легитимна, со вкупно освоени 66 општини од вкупно 81.

    Оваа голема победа е и голема одговорност и обврска за работа и испорачување на резултати. Благодариме на секој граѓанин кој го даде гласот за ВМРО-ДПМНЕ и нашата коалиција. Ветуваме дека нема да ве разочараме и обезличиме. Нашиот образ мора да биде чист, а тоа ќе го направиме со работа и со проекти“, посочи Мисајловски.

    Мисајловски нагласи дека историска е победата и обединувањето на народот на Кичево поради што падна и Фатмир Дехари и ДУИ е благодарност до секој еден Албанец, Ром, Турчин, Влав, Србин, Бошњак, и сите останати кои го дадоа гласот за Александар Јовановски. Обединувањето во Кичево е пример како ќе се гради Македонија.

    „Огромна победа во Брвеница на Јовица и покрај сите дејствија кои ги презема неговиот противкандидат, Јовица и жителите на Брвеница издвоија голема победа. И во Брвеница, Албанците, Ромите, Турците, Србите, Бошњаците,  и сите останати, покажаа дека националните и етничките приказни на одредени структури, паѓаат во вода.

    Сотир Лукровски е новиот градоначалник на општина Карпош. Огромна и важна победа во Карпош.

    Исто така, победа издвојувавме и во градот Скопје, каде Орце Ѓорѓиевски е новиот градоначалник на градот Скопје. И тука имаме навистина многу работа.

    Граѓаните одбраа и промени во Валандово, во Дојран, во Дебарца, во Демир Капија, во Крушево, во Пробиштип, во Росоман, во Чучер Сандево, таму локалната власт ќе биде раководена од нови кадри, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Победивме и во Аеродром, Виница, Конче, Неготино, Лозово, Македонски Брод, Могила, Ранковце, Чешиново-Облешево.

    Опозицијата на овие избори е длабоко поразена. СДС и ДУИ, мора да се реформираат. Нивните политики граѓаните ги имаат прочитано и повеќе не поминуваат. На Македонија и е потребна конструктивна опозиција, која ќе дава аргументирана критика и поддршка на реформите. Кадровските промени на неколку луѓе во СДС, не е реформата која им е потребна. Проблемот во СДСМ е Филипче, затоа што е продолжена рака на Заев и се додека е така, СДСМ ќе тоне.

    Ги слушаме и граѓаните кои не излегоа на изборите и оние кои излегоа и ги направија своите гласачки ливчиња неважечки. Ние ќе работиме да го промениме нивното мислење со работа и со проекти.

    Доста е веќе Македонија да биде апатична. Време е работите да ги промениме и да покажеме дека народот заслужува повеќе. Нашите граѓани заслужуваат повеќе. И веќе сега во Брисел, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски активно се бори за нашите заложби за членство во ЕУ. Мора да бидеме горди, достоинствени и со интегритет“, потенцираше Мисајловски.

    Прочитај повеќе

    Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 се гарантира опстојот и безбедноста на Македонија

    19.10.2026 во 20:50

    Детали за новите правила за правосуден испит: Шасивари најави консултации со факултетите и студентите

    19.10.2026 во 16:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.