Close Menu
Press24
    Најново

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Ведрана Рудан живеела во куќа стара 400 години

    18.08.2026 во 10:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Страшна несреќа во Тетово: Возило излетало од булевар и влетало во плац, по што удрило во работник
    • Убиство во Ксамил: Французин избоден на лежалка на плажа
    • Петкова: Обезбедуваме поголемо домашно производство на струја и пониски трошоци за граѓаните
    • Жерновски тврди дека е во тек операција за преземање на медиумите во Македонија
    • Лефков: СДС продолжува со лаги и дезинформации, ВМРО-ДПМНЕ одговара со резултати
    • Муцунски го најави Амбасадорскиот совет: Македонската дипломатија се собира во Скопје по шест години
    • УХМР со детали какво време нè очекува до крајот на неделата: Сончево, попладневни врнежи и тропски викенд
    • Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од пожарот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Летаат казни: Олеснет џебот на над 16.000 возачи, приведени 121 лице

    Летаат казни: Олеснет џебот на над 16.000 возачи, приведени 121 лице

    03.11.2025 во 10:392 Mins Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ,Во периодот од 01.10.2025-31.10.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 16.801 издадени платни налози, 4.821 прекршок се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

    Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 121 лице, од кои 94 за возење под дејство на алкохол, четири поради возење под дејство на дрога и психотропни супстанци или прекурсори, 15 за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, осум за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.

    Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на месец октомври евидентирани се 4.165 прекршоци за неправилно паркирање, 1.888 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 373 санкции за возење под дејство на алкохол.

    Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 111 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 232 пешаци и 63 возачи на електрични тротинети. Исто така санкционирани се 942 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 480 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 176 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 145 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии), а еден возач поради неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата (флешери).

    Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

    Прочитај повеќе

    Страшна несреќа во Тетово: Возило излетало од булевар и влетало во плац, по што удрило во работник

    18.08.2026 во 13:06

    Петкова: Обезбедуваме поголемо домашно производство на струја и пониски трошоци за граѓаните

    18.08.2026 во 12:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.