Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Расчистена кражба во гостиварско: Уапсен 36-годишник кој со закана одзел пари од спортска обложувалница
    • Дрога скриена во кампер – Германец падна на Табановце
    • Кратовчанка го пуштила кучето без подводник, по што нападнало сограѓанин
    • Дома чувал туѓ пиштол иако знаел дека не смее: Кривична пријава за кумановец
    • Никогаш не пијте вода од пластично шише кое било во жежок автомобил
    • Заладувањето наскоро пристигнува во регионот – познато кога доаѓа и снегот
    • Повеќе земји издадоа итни предупредувања за патување – Хаосот во Франција ја вознемирува Европа
    • Силен земјотрес го погоди Таџикистан
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Откриена голема кражба на струја во центарот на Скопје: Хотел со 4 ѕвезди нелегално приклучен на мрежа

    Откриена голема кражба на струја во центарот на Скопје: Хотел со 4 ѕвезди нелегално приклучен на мрежа

    01.11.2025 во 11:181 Min Read
    ФОТО: Електродистрибуција
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Голема кражба на електрична енергија е откриена во хотел со четири ѕвезди во центарот на Скопје, соопштија од Електродистрибуција. Нелегалниот приклучок претставувал и огромна опасност од пожар.

    Измамата била откриена при техничка контрола во станбена зграда која граничи со хотелот лоциран на улицата „Луј Пастер“. Екипите на Електродистрибуција пронашле три нелегални и изгорени кабли, што било последица на преголема оптовареност.

    „Каблите веднаш беа исклучени бидејќи претставуваа директна и огромна општа опасност од настанување на пожар. За време на дополнителна контрола се утврди дека хотелот повторно бил приклучен на еден од нелегалните кабли“, се вели во соопштението.

    Од компанијата додаваат дека нивните екипи биле попречени во вршењето на должноста при обидот да влезат во хотелскиот објект.

    Случајот е целосно документиран и за него е поднесена соодветна пријава до Министерството за внатрешни работи.

    „Случајот е документиран и за истиот е поднесена Пријава за нелегално приклучување на мрежа и предизвикување на општа опасност од пожар до Министерството за внатрешни работи“, соопштија од Електродистрибуција.

    Прочитај повеќе

    Расчистена кражба во гостиварско: Уапсен 36-годишник кој со закана одзел пари од спортска обложувалница

    19.10.2026 во 19:44

    Дрога скриена во кампер – Германец падна на Табановце

    19.10.2026 во 19:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.