Close Menu
Press24
    Најново

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Цената на нафтата продолжува да расте

    19.08.2026 во 10:44

    УХМР издаде метеоаларм: Утре топлотен бран во цела Македонија

    20.08.2026 во 12:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Една ситница може да спречи поплава во вашиот дом: Само поставете ја на вистинското место
    • Мотоциклист со тешки повреди пренесен во Ургентен по сообраќајка на патот Гостивар-Равен
    • Земјотрес од 7,2 степени по Рихтер регистриран во јужниот дел од Перу
    • 35-годишна жена уапсена во САД, осомничена за планирање напад во Олбани
    • Сиљановска-Давкова се обрати на Амбасадорскиот совет
    • Татко и син нападнале полицајци кога ги фатиле со дрога
    • Двајца мажи од струшко нелегално копале минерални суровини и ја загадиле водата во Струга
    • Сандра Булок за болеста и смртта на партнерот Брајан Рендал: Ме замоли да не зборувам за тоа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Костадиновски: Нова спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“, изградба на кружен тек и фитнес зона на отворено во Виница

    Костадиновски: Нова спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“, изградба на кружен тек и фитнес зона на отворено во Виница

    31.10.2025 во 19:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На вечерашниот мини-митинг во општина Виница, во рамките на вториот круг локални избори кои ќе се одржат во недела на 2 ноември, се обрати кандидатот за градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Костадиновски, кој истакна дека ја очекува поддршката од граѓаните во недела за уште повеќе проекти и инвестиции, кои ќе донесат развој на Виница.

    „Верувам дека ќе ја заокружиме победата во вториот круг, да продолжиме со проектите во Виница, ние сме со реални проекти и програма кои планираме да ги реализираме наредните 4 години, сметам дека допревме до секој од вас ве запознавме со нашата визија за Виница, затоа во недела ја барам вашата доверба да продолжиме со уште посилно темпо, со уште поголеми проекти“, вели Костадиновски.

    Кандидатот за градоначалник на општина Виница ги наведе проектите кои ќе се реализираат како во областа на образованието и спортот со изградба на нова спортска сала, спортски игралишта и фитнес зона, така и инвестирање во најмалите со доградба на детската градинка, но и подобрување на сообраќајот во општина Виница.

    „Ја барам вашата поддршка за нова спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“ кое е единствено училиште во општина Виница кое нема спортска сала, за доградба за нова градинка, за подобрување на сообраќајот, изградба на кружен тек, за нови улици во градот и населените места и за формирање на зона за мало стопанство кај м.в Скараница, село Блатец. За изградба на фитнес зона на отворено во Виница, реконструкција и изградба на спортски игралишта во населените места, за подобрување на водоснабдувањето,  за реконструкција и изградба на водоводна и канализациона мрежа и уште многу други проекти“, рече Костадиновски и додаде:

    „Затоа ве повикувам сите масовно во недела на 2 ноември да излеземе и да го заокружиме бројот 9 за ВМРО-ДПМНЕ и победничката коалиција „Твоја Македонија“, заврши Костадиновски.

    Прочитај повеќе

    Муцунски: Силната дипломатија се мери според интересите што ги штити, партнерствата што ги гради и можностите што ги создава

    20.08.2026 во 15:12

    СДСМ предлага 28 денари за „вранец“ и 25 за „смедеревка“: Филипче критикува за ниските откупни цени

    20.08.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.