Вчера во 16:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на локален пат во с.Требеништа, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „имт 539“ без регистарски таблици, управуван од М.Б.(58) и патничко возило „фолксваген шаран“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(72), двајцата од с.Требеништа.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 86-годишната Х.Ч., која се превезувала на тракторот, додека со телесни повреди се здобила 62-годишната Д.Д., сопатничка во возилото „фолксваген шаран“, двете од с.Требеништа.
Повредите се констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
По насоки на јавен обвинител, увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, при што е констатирано дека М.Б. бил под дејство на алкохол, односно имал 1,16 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Голема пресвртница во 2027 година за еден хороскопски знак – пристигнуваат подобри денови, пари и љубов
- Афера со лажни испити: Професорка осудена на затвор, студентите полагале само на хартија
- 58 возачи останаа без возачка, двајца и без возилата – Полицијата правеше чистка
- Трамп: Време е некој друг да преговара во име на Украина
- Историска евакуација: Украинската армија со летачки дрон извлече ранет војник од фронтот
- Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени
- Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците
- На 4 хороскопски знаци расположението им се менува во секунда – еве зошто

