Close Menu
Press24
    Најново

    Приведени двајца камионџии на Деве Баир

    12.06.2026 во 13:51

    Тешко повреден малолетник, со мопед изгубил контрола и излетал од патот Берово-Делчево

    12.06.2026 во 13:38

    Приведена струмичанка – ја натепала снаата и внукот

    12.06.2026 во 13:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведени двајца камионџии на Деве Баир
    • Тешко повреден малолетник, со мопед изгубил контрола и излетал од патот Берово-Делчево
    • Приведена струмичанка – ја натепала снаата и внукот
    • Перински во Кисела Вода: Одобрени се над 528 милиони денари за 24 капитални проекти
    • Се заканувал со остар предмет на син и мајка, претепани сопруги и кршен инвентар – Приведени петмина насилници
    • Мицкоски ги покани турските инвеститори да станат дел од развојната приказна на Македонија
    • Петрушевски: Со уставните измени се отвора Пандорината кутија, тоа им одговара само на Бугарија и на Филипче
    • Апсења во Битола, Прилеп и Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат

    Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат

    29.10.2025 во 15:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, се обрати на сесијата посветена на младите и европската перспектива на Балканот.

    Таа укажа на суштинската важност на регионалната соработка и повика на разбирање и дијалог потенцирајќи дека евроинтеграцијата не може да биде диктат, туку е дијалог.

    „Регионалната соработка за мене е неверојатно важна. Не може да избегаме од регионот, тој ни е судбина, ова важи не само за нас кои се уште чекаме да станеме кандидати или да ги завршат некои држави преговорите со ЕУ, но и за оние коишто веќе се во ЕУ, а припаѓаат на нашиот регион“, изјави таа по завршувањето на сесијата, со којашто модерираше Мишел Дикло од „Институтот Монтејн“.

    На сесијата таа говореше и за безбедносната состојба во Европа поради која не смееме да бидеме оставени во геополитички вакуум и го реафирмираше ставот дека проширувањето на Унијата е безбедносно, а не само прашање на проширување.

    „Она што е чудно е што во 2019 година беа сменети правилата на играта среде игра, што е невообичаено ни за спортски натпревари, ниту пак во политички преговори, бидејќи беше воведена нова методологија“,  вели Сиљановска-Давкова во изјавата.

    Според неа од интерес за регионалната стабилност, регионалната демократија, но и за Европската Унија е, да гледа на регионот како на систем на врзани садови и да направи храбар чекор како оној во 2004 година, односно да покаже иновативност во креирањето на конечни решенија за т.н. Западен Балкан, како неразделен дел од Европа.

    Прочитај повеќе

    Приведени двајца камионџии на Деве Баир

    12.06.2026 во 13:51

    Тешко повреден малолетник, со мопед изгубил контрола и излетал од патот Берово-Делчево

    12.06.2026 во 13:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.