Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова се обрати на Амбасадорскиот совет
    • Татко и син нападнале полицајци кога ги фатиле со дрога
    • Двајца мажи од струшко нелегално копале минерални суровини и ја загадиле водата во Струга
    • Сандра Булок за болеста и смртта на партнерот Брајан Рендал: Ме замоли да не зборувам за тоа
    • Министерот Сулејмани во посета на културните установи во Струга
    • Мицкоски: Мала Преспа е доказ дека границите не можат да ги избришат јазикот, културата и чувството на припадност
    • Томовски: Институциите постапија веднаш, на граѓаните на Гостивар им беше обезбедена питка вода во континуитет
    • МВР пушти веб сајт Сејф сити за странските возила: Казните ќе си ги плаќаат електронски за да нема гужви на границите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Општина Карпош: Сите училишта во општината имаат фотоволтаични системи

    Општина Карпош: Сите училишта во општината имаат фотоволтаични системи

    29.10.2025 во 14:021 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Карпош ги опреми десетте основни училишта на своја територија со фотоволтаични централи што произведуваат електрична енергија за свои потреби. Локалната самоуправа ја реализираше оваа иницијатива, откако претходно ја реновираше и кровната конструкција на сите училишни установи, се наведува во денешното соопштение на Општина Карпош.

    – Во случајов, училиштата и детските градинки во Карпош се енергетски ефикасни објекти, со оглед на тоа што истите имаат поставено термичка изолација, прозорци со трослојно стакло, а некои од нив се загреваат на системи од обновливи извори на енергија, се додава во соопштението.

    Воедно, како што се истакнува, Општина Карпош е првата локална самоуправа во нашата држава што постави хибридни колектори на детската градинка „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2, што служат за производство на електрична енергија и топла вода.

    – Поточно, овие колектори произведуваат струја со моќност од 3,2 киловати, а преку искористување на сончевата енергија се произведуваат и 300 литри санитарна топла вода, што се користи за потребите на кујната на оваа детска установа. Според планираната динамика, Општината ќе ги опреми и останатите детски градинки, што заедно со основните училишта ќе бидат енергетски ефикасни и финансиски одржливи институции, се подвлекува во соопштението на локалната самоуправа.

    Прочитај повеќе

    Герасимовски: Апликацијата на Општина Центар чинеше 200 евра, а не 6,6 милиони денари

    20.08.2026 во 16:00

    Општина Кисела Вода обезбедува бесплатни униформи за сите 5500 ученици од основните училишта од овој дел на градот

    20.08.2026 во 13:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.