Close Menu
Press24
    Најново

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Наскоро споен викенд – Временска прогноза за трите дена одмор

    20.08.2026 во 10:05

    Ќе нема вода – Водовод најави исклучувања на неколку скопски улици

    21.08.2026 во 09:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Стандардот тоне, цените се до плафон, луѓето не можат да преживеат
    • Украина бара одобрение од Маск за дронови со Starlink против руски балистички ракети
    • САД ќе префрлат 725 милиони долари кон ОН, Вашингтон должи милијарди
    • Приведени 11 возачи за безобѕирно управување со возило
    • Филипче: Не сме исти, ние сакаме повисок стандард, плати и пензии – Мицкоски сака нов авион
    • Филипче: Пет години ме нарекуваа убиец и ја злоупотребуваа болката на семејствата
    • Дуа Липа ужива на јахта
    • По епидемијата, ИЈЗ бара гостиварски „Комуналец“ да ја провери стручноста на вработените во претпријатието
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ако пројде: Рекол дека е празен а шверцал три гарнитури мебел на Блаце

    Ако пројде: Рекол дека е празен а шверцал три гарнитури мебел на Блаце

    29.10.2025 во 11:013 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На Царина им рекол дека камионот му е празен а кога го провериле, видел дека носи три гарнитури мебел. Ова е само еден од случаите кои македонската Царина ги регистрира во својот билтен во последните недела дена.
    На граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и Ново Село царинските службеници и мобилните тимови запленија речиси три илјади парчиња стока, меѓу која алкохолни пијалоци, електронски цигари, облека со потпис на заштитени трговски марки, и автоделови пронајдени во возила, автобуси и товарни моторни возила. Против сторителите се водат посебни постапки, информира Царината

    • На граничен премин Блаце запленети се повеќе од 700 парчиња разна стока, меѓу која играчки, парфеми, козметика и мебел.
    • Вкупно 600 парчиња разна стока, во најголем дел играчки се пронајдени во фабрички шуплини на комбе, управуван од македонски државјанин.
    • Во друг случај откриени се вкупно 143 парчиња парфеми и козметика пронајдени под патосниците на задните седишта како и во багажниот простор на автомобил управуван од македонски државјанин.
    • Во товарно возило кое на влез во државата е пријавено како празно, царинските службеници открија вкупно три парчиња гарнитури мебел.
    • Царинските службеници на граничниот премин Табановце во текот на изминатите денови, во три одделни случаи запленија 26 шишиња алкохолни пијалоци, над 200 парчиња електронски цигари и уред за авто-дијагностика. Дополнително, мобилен царински тим откри и спречи обид за шверц на осум сета воздушни и водни пумпи со соларен панел, наменети за фонтани и аквариуми.
    • Во првиот случај, 26 шишиња алкохолни пијалоци со проценета вредност од околу 30 илјади денари биле пронајдени во автомобил со германски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин. Лицето не ја пријавило стоката со цел да избегне плаќање царински давачки во износ од околу 7 илјади денари.
    • Во вториот случај, царинските инспектори пронашле 209 парчиња електронски цигари во две торби на патник кој патувал со автобус на релација Брисел – Скопје.
    • Третиот случај се однесува на уред за авто-дијагностика, откриен во автомобил со привремени германски таблички, управуван од македонски државјанин.
    • Во посебен случај, Службата за мобилен скенер при контрола на товарно моторно возило откри осум сета водни и воздушни пумпи со соларен панел.
    • На граничниот премин Богородица, при контрола на стока во транзит, мобилни тимови запленија 1.200 парчиња безжични контролери за Sony PlayStation и 650 парчиња облека со ознаки на заштитени трговски марки. Запленетата стока е одземена поради сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост.
    • На граничниот премин Ново Село, царинските службеници запленија автоделови кои биле пронајдени во автомобил управуван од македонски државјанин. Стоката е запленета, а против сторителот е поведена соодветна постапка.
    Прочитај повеќе

    Приведени 11 возачи за безобѕирно управување со возило

    21.08.2026 во 20:14

    Приведени родители: Психички ја малтретирале нивната ќерка

    21.08.2026 во 17:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.