Close Menu
Press24
    Најново

    Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности

    10.06.2026 во 23:43

    Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани

    10.06.2026 во 23:30

    На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани

    10.06.2026 во 23:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
    • Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
    • На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
    • ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
    • ВИДЕО од големиот пожар во Штип
    • Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
    • Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
    • Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Обвинение за газдата од Неготино по несреќата во која возач загина заглавен под камион во Вардар

    Обвинение за газдата од Неготино по несреќата во која возач загина заглавен под камион во Вардар

    29.10.2025 во 10:44Updated:29.10.2025 во 10:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен акт против едно лице од Неготино за тешки дела против општата сигурност, односно за кривично дело по член 292 став 2 во врска со член 288 став 2 од Кривичниот законик. Дополнително, за предизвикување општа опасност од член 288 став 5 во врска со став 2, обвинението се однесува и на правното лице, чиј сопственик и управител е обвинетиот.

    Обвинителството ја спроведе истрагата за настан од 21 јули 2021 година, кога обвинетиот управител и правното лице, при изведување работи на сепарација на реката Вардар, не постапувале според прописите и мерките за заштита при работа, со што ги прекршиле Законот за работни односи и Законот за безбедност и здравје при работа. Како последица на тоа, еден работник го загубил животот, а друг се здобил со телесни повреди.

    Според обвинението, управителот го ангажирал сега починатиот Петар Мицев без склучен договор за вработување и без да провери дали ги исполнува условите за работа. Тој му овозможил да управува тешко моторно возило – камион на сепарацијата, без да провери дали има соодветна возачка дозвола за тој тип возило.

    На критичниот ден, 21 јули 2021 година, оштетениот со камионот во сопственост на правното лице превезувал песок од реката Вардар до сепарацијата кај местото „Пумпите“, додека со него како совозач бил и другиот оштетен работник. Движејќи се по импровизирана патека – тесен насип од чакал, меѓу двата крака на реката, камионот се превртел и паднал во Вардар. Совозачот успеал да излезе преку прозорецот и да исплива на брегот, здобивајќи се со телесни повреди, додека возачот останал заробен под возилото и починал на лице место.

    Во текот на истрагата, обвинителството обезбедило докази и против еден вработен во АД „Водостопанство на РСМ“ – Подружница Тиквеш-Кавадарци, кој во својство на службено лице и оператор на главни испусти/затворачи заверил повеќе испратници со невистинита содржина.

    Поради тоа, и тој е обвинет за продолжено кривично дело – фалсификување службена исправа, согласно член 361 став 1 од Кривичниот законик.

    Прочитај повеќе

    Татко од Велес подолг период ги малтретирал и тепал неговите ќерки

    10.06.2026 во 18:16

    Физички нападнал сограѓанин кој се онесвестил: Кривично гонет 36-годишен кривопаланчанец

    10.06.2026 во 16:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.