Close Menu
Press24
    Најново

    Авион со речиси 200 патници кружел над Осиек бидејќи контролорот доцнел на работа

    10.06.2026 во 16:46

    Трипуновски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми субвенциите во овчарството на 3.000 денари по грло

    10.06.2026 во 16:34

    Физички нападнал сограѓанин кој се онесвестил: Кривично гонет 36-годишен кривопаланчанец

    10.06.2026 во 16:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Авион со речиси 200 патници кружел над Осиек бидејќи контролорот доцнел на работа
    • Трипуновски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми субвенциите во овчарството на 3.000 денари по грло
    • Физички нападнал сограѓанин кој се онесвестил: Кривично гонет 36-годишен кривопаланчанец
    • Апсења во Скопје
    • Почината жена пронајдена во стан во Аеродром, телото е предадено на обдукција
    • Невреме со град го погоди Мариово, поројни врнежи и грмежи во прилепско и кратовско
    • Татко си ги тепал ќерките, сопругот на нападнал сопругата – Две лица лишени од слобода од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
    • Голема акција на МВР: Лишени од слобода 23 возачи, меѓу нив и малолетници
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Три клучни системи – Андоновски го презентираше напредокот што Македонија го постигна во дигиталната трансформација

    Три клучни системи – Андоновски го презентираше напредокот што Македонија го постигна во дигиталната трансформација

    29.10.2025 во 10:413 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на сесијата „Дигитализација на енергетските системи – Забрзување на дејствијата преку координација и иновации“ во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој, што се одржува во Скопје.

    Во своето обраќање, министерот ја истакна потребата од заедничко делување и координирани напори во процесот на дигитална и енергетска трансформација.

    „Сите ние постигнуваме повеќе кога работиме заедно. Нашите разлики се важни, но нашата заедничка човечност е уште поважна,“ цитираше министерот Андоновски, нагласувајќи дека дигитализацијата може да ја забрза заедничката мисија за одржлива енергетска иднина.

    Андоновски порача дека дигитализацијата е новата енергија на управувањето, создавајќи ефикасност, транспарентност и отпорност во сите сектори, особено во енергетиката.

    „Дигитализацијата е мостот што ги поврзува растечката енергетска побарувачка и потребата од декарбонизација. Таа овозможува секој ват, секој киловат-час и секоја политичка одлука да бидат попаметни, почисти и поинклузивни,“ изјави министерот.

    Тој потенцираше дека дигитализацијата не е само технички процес, туку нов начин на размислување и управување – поврзување на податоците, институциите и граѓаните во корист на одржливи политики и зелена енергија.

    Министерот Андоновски го презентираше напредокот што Македонија го постигна во дигиталната трансформација преку три клучни системи:

    • Националната платформа за интероперабилност, што поврзува 74 институции и овозможува над 2 милиони безбедни трансакции месечно – зголемување од 160% во однос на минатата година;
    • Националниот портал за е-услуги – uslugi.gov.mk, преку кој граѓаните добиваат јавни услуги онлајн;
    • Електронскиот систем за управување со документи (eDMS), кој го замени хартиеното работење во над 80 институции.

    „Овие системи не се само административни алатки; тие се темелот на ефикасното управување, интегритетот на податоците и транспарентноста,“ нагласи министерот.

    Андоновски информираше дека Министерството за дигитална трансформација, во соработка со Министерството за енергетка, рударство и минерални суровини, веќе имаат дигитализирано повеќе од 20 јавни услуги за граѓаните и бизнисите, како и воведување на интегрирани системи за документи и финансиско планирање.

    Министерот ја претстави и новата генерација дигитални иницијативи во енергетиката:

    • Националниот центар за вештачка интелигенција – „Везилка“, кој развива АИ модели за предиктивно одржување на енергетската инфраструктура и предвидување на побарувачката;
    • Европскиот дигитален иновациски хаб – INNOFEIT, кој ги поврзува академијата и приватниот сектор и обезбедува пристап до лаборатории и обуки за вештачка интелигенција, сајбер-безбедност и автоматизација.

    Овие иницијативи се дел од стратегијата SMART/MK 2030, визија за дигитална, зелена и човеково-центрирана трансформација, целосно усогласена со европската Дигитална декада.

    Андоновски истакна дека дигиталната трансформација на енергетските системи бара регионална координација и заеднички пристап.

    „Предизвиците се премногу комплексни за која било држава да ги решава сама. Затоа регионалната соработка е нашиот множител на успех,“ изјави тој.

    Во заклучок, министерот повика на премин „од цели кон акција“ и изградба на одржливи дигитални екосистеми: „Ако успееме, нема само да ја декарбонизираме енергетската мрежа – ќе ја хуманизираме транзицијата, правејќи ја поефикасна, потранспарентна и поправедна.“

    Прочитај повеќе

    Трипуновски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми субвенциите во овчарството на 3.000 денари по грло

    10.06.2026 во 16:34

    Физички нападнал сограѓанин кој се онесвестил: Кривично гонет 36-годишен кривопаланчанец

    10.06.2026 во 16:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.