Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Заладувањето наскоро пристигнува во регионот – познато кога доаѓа и снегот
    • Повеќе земји издадоа итни предупредувања за патување – Хаосот во Франција ја вознемирува Европа
    • Силен земјотрес го погоди Таџикистан
    • Полицијата на нозе – Неколку исчезнувања пријавени во јужна Србија во рок од неколку дена
    • Ја претепал сосетката, се заканил дека ќе ја убие, а потоа монструозно го убил нејзиното куче – Хорор во регионот
    • Во Србија регистрирани 60 случаи на заболени од западнонилска треска
    • УХМР ги објави температурите измерени во 17 часот: Каде беше најтопло, а каде најстудено
    • Се превртел со трактор во сопствениот двор: Прилепчанец заврши во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Касами омекна пред вториот круг: Не можам да го поддржам Дехари и покрај тоа што е Албанец

    Касами омекна пред вториот круг: Не можам да го поддржам Дехари и покрај тоа што е Албанец

    29.10.2025 во 10:183 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Јас не можам да застанам во поддршка на еден кандидат кој му наштети на Кичево“, изјави во интервју за Алсат-М Билал Касами, кандидатот на коалицијата Вреди за градоначалник на Тетово.

    Запрашан дали ги омекнал ставовите за Кичево откако го искарал Мицкоски, Касами рече:

    – Прво не сметам дека имаше дисциплинирање. Напротив, ние треба да го имаме во предвид контекстот, местото и медиумот во кој беше дадена една таква изјава и самиот контекст во кој отпосле беше пренесена, како изјава што после целосно ја извади од суштинската идеја, кога беше дадена како таква знаејќи дека нашите опоненти се обидоа на максимум овие избори да ја отворат етничката карта. И целата таа изјава, која беше би рекол искрена што се однесува на целата ситуација, беше политички погрешно интерпретирана.

    Касами ги објасни и своите политички ставови кои веќе ги објасни коалицијата Вреди, во врска со кандидатот Фатмир Дехари од ДУИ.

    – Сите знаат за моралните вредности кои ги застапувам и еден таков конкретен кандидат, како што е Дехари, е најслабиот кандидат на ДУИ. Тој, додека владееше во Кичево, не им донесе ниту едно добро на кичевци и како таков е придружуван и од некои снимки или прислушкувања, кои се појавија на социјалните мрежи. Тие покажуваат дека тој кандидат на Кичево и на кичевци им донесе само дегенерирање, им донесе рушење и ништо добро. И покрај фактот што ние би поддржале кандидат Албанец, бидејќи сметаме дека би бил подобар кандидат за сите граѓани, во овој случај на Кичево, не можеме да застанеме позади еден кандидат кој ДУИ од моментот кога го извади, го извади за да го изгуби Кичево – изјави Касами.

    На прашањето на Алсат-М дали ова значи дека реферира во однос на изјавата дадена во Албанија, Касами објасни:

    – Не, јас велам дека поради тоа што јас сум градоначалник на Тетово и додека сум градоначалник на Тетово, за мене сите граѓани на Тетово се исти. Значи, јас сум го побарал гласот на Албанците, Македонците, Турците, Ромите и на сите мои граѓани и сум работел за сите мои граѓани. Тетово е препознаено како космополитски град, во кој сè добро што е реализирано го уживаат сите мои граѓани. И од оваа позиција јас сум сметал и сметам дека еден Албанец може да биде добар градоначалник, како и некој друг граѓанин за секој град, во овој случај и за Кичево. Тоа е принципиелно како став, но конкретно за случајот на господинот Дехари, знаејќи за тоа што го направи тој, односно што не направи за Кичево, знаејќи го тоа што излезе како прислушкување за неговото минато во аспект на моралот или неговиот неморал, ние не можеме да застанеме позади него само затоа што е Албанец. Ние би сакале ДУИ да избереше некој друг кандидат и сакам да ѝ објаснам на јавноста дека ние, како Движење Беса имавме еден кандидат и Кичево и кичевци имаа можност да застанат позади кандидат кој жртвуваше сè за Кичево, но и пошироко и за Албанците, Но, во првиот круг Кичевци избраа еден ваков кандидат и тие знаат како ќе гласаат во вториот круг. Јас не можам да застанам во поддршка на еден кандидат кој му наштети на Кичево и како резултат на тоа ние денес пола од Кичево го имаме надвор од градот и надвор од општината.

    Прочитај повеќе

    Детали за новите правила за правосуден испит: Шасивари најави консултации со факултетите и студентите

    19.10.2026 во 16:27

    (ВИДЕО) Спасовски: СДСМ нема да го поддржи Законот за административни службеници – отвора простор за политички притисок

    19.10.2026 во 13:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.