Close Menu
Press24
    Најново

    Z генерација: Доаѓаат на факултет, а не знаат да читаат?

    15.06.2026 во 23:35

    Венс: Можна е улога на американската војска во мониторингот на нуклеарната програма на Иран

    15.06.2026 во 23:29

    ФОТО: MrBeast достигна историски 500 милиони претплатници на YouTube

    15.06.2026 во 23:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Z генерација: Доаѓаат на факултет, а не знаат да читаат?
    • Венс: Можна е улога на американската војска во мониторингот на нуклеарната програма на Иран
    • ФОТО: MrBeast достигна историски 500 милиони претплатници на YouTube
    • Трамп за Иран: Сè е потпишано, многу сум среќен
    • Мицкоски: Уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема да има
    • Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата
    • Овие 10 знаци може да укажуваат на Алцхајмерова болест
    • Јаков Јозиновиќ го издаде својот прв албум
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Си поднесе оставка но не се спаси од притвор: Комунална хигиена пак нема директор

    Си поднесе оставка но не се спаси од притвор: Комунална хигиена пак нема директор

    29.10.2025 во 10:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми, поднел неотповиклива оставка од функцијата за време на распитот во Кривичниот суд, соопшти неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ.

    „На барање на мојот клиент, јавно информирам дека тој пред судијата на претходна постапка поднесе неотповиклива оставка од позицијата в.д. директор на ‘Комунална хигиена’. Станува збор за морален чин, со кој Рустеми сака да покаже дека нема намера да ја попречува истрагата на кој било начин“, изјави Алиспахиќ.

    Адвокатот додаде дека одлуката за оставка е донесена по консултација со бранителите, со цел истрагата да се води непречено и да се докаже дека неговиот клиент нема поврзаност со делото.

    „Рустеми не влијаел, ниту можел да влијае врз истрагата. Убедени сме дека ќе се докаже дека нема никаква основа за обвинението што му се става на товар“, рече Алиспахиќ, појаснувајќи дека станува збор за кривично дело по член 230 од Кривичниот законик – „загрозување на животната средина и природата со отпад“, кое, според него, ретко се среќава во домашната пракса, а со измените од 2023 година добило поширок опсег.

    Адвокатот посочи и дека Рустеми, кој бил именуван за директор во февруари 2025 година, барал од Управниот и Надзорниот одбор да се зголемат ресурсите и механизацијата во претпријатието, како и да се дозволат нови вработувања, но без успех.

    Кривичниот суд вчера му одреди 30-дневен притвор на Рустеми и на управителот за отпад во претпријатието, Аки Саити, кој исто така е застапуван од Алиспахиќ. Тие се товарат за кривично дело од член 230 став 1 – загрозување на животната средина и природата со отпад.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема да има

    15.06.2026 во 22:33

    Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата

    15.06.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.