Close Menu
    Најново

    „Го изневерив сопругот ноќта пред свадбата“: Деми Мур го шокираше светот со сочна интимна тајна

    29.10.2025 во 23:05

    Филипче: Трошоците за живот растат без контрола а владата не презема ништо

    29.10.2025 во 22:44

    Унгарија ја поздрави одлуката на САД за укинување санкции врз Милорад Додик

    29.10.2025 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • „Го изневерив сопругот ноќта пред свадбата“: Деми Мур го шокираше светот со сочна интимна тајна
    • Филипче: Трошоците за живот растат без контрола а владата не презема ништо
    • Унгарија ја поздрави одлуката на САД за укинување санкции врз Милорад Додик
    • Историска промена во Франција: Силување е секој сексуален чин без изречна согласност
    • Тоневски: Во наредниот период ќе се санира јаловишната депонија во Пробиштип
    • Филипче: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја врати Македонија во времето на страв и уцени, но граѓаните нема да потклекнат
    • Филипче: Градоначалниците од СДСМ реализираа 90 до 100 проценти од ветеното
    • Меџити: НАИ ќе биде распуштена
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Поранешниот директор, заменик директор и вработени во АХВ кривично ќе се гонат – проневериле 62.530 денари

    Поранешниот директор, заменик директор и вработени во АХВ кривично ќе се гонат – проневериле 62.530 денари

    29.10.2025 во 09:47
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 став 1 од КЗ, Ф.М., поранешен заменик директор во агенцијата поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 во врска со член 24 од КЗ „помагање“ и против Л.У., А.Р., Е.Т., А.Б. и А.Б., вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 во врска со член 24 од КЗ „помагање“.

    З.А. во својство на директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, во периодот од 2017 до 2020 година, во повеќе наврати, со намера противправно да прибави за себе парични средства кои му биле доверени во службата, за службени патувања во странство на кои истиот присуствувал, примал дневници во висина од 50%, иако согласно Уредба за изменување на Уредбата за издатоците на службени патувања и службени патувања во странство требало да прима само 20%, бидејќи трошоците за сместување и исхрана не паѓале на товар на институцијата. Ф.М. во својство на заменик директор на Агенцијата за храна и ветеринарство со потпишување на решенијата за одобрување на службени патувања во странство му помогнал на З.А. противправно да ги присвои парите, а Л.А., А.Р. и Е.Т. во повеќе наврати, спротивно на наведената Уредба, изготвиле решенија за одобрување на службено патување во странство на име на З.А., врз основа на кои решенија А.Б. и А.Б. одобриле исплаќање на паричните средства врз основа на претходно изготвените решенија, иако знаеле и биле свесни дека решенијата не се донесени согласно уредбата, постапиле по решенијата и му ги исплатиле парите, со што му помогнале на З.А. да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 62.530 денари, а на штета на буџетот на Агенцијата за храна и ветеринарство.

    Популарно

    Арсовска му се закани на Премиерот по апсењето на директорот на Комуналец: Мицко, ќе бегаш од Македонија за некоја година

    27.10.2025 во 15:20

    Рамадани од Брвеница омекна по забелешките од Премиерот: Македонец или Албанец нема разлика

    27.10.2025 во 16:06

    Вучиќ го соопшти она што сите го чекаа

    27.10.2025 во 15:18

    Неготино: Родителите се јавиле во полиција – синот тинејџер се напил, па се расправал

    29.10.2025 во 11:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.