Close Menu
    Најново

    Дел од корисниците во Тафталиџе утре ќе останат без вода

    29.12.2025 во 17:00

    11 години затвор за мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот на Вардар

    29.12.2025 во 16:36

    „Не сум обучен за тоа“: Шокантно сведоштво на мајка која очајно барала помош од полицаец за да ја спаси ќерка си

    29.12.2025 во 16:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Дел од корисниците во Тафталиџе утре ќе останат без вода
    • 11 години затвор за мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот на Вардар
    • „Не сум обучен за тоа“: Шокантно сведоштво на мајка која очајно барала помош од полицаец за да ја спаси ќерка си
    • Отворени граничните премини Евзони и Меџитлија
    • Македонија доби 13,5 милиони евра грант за „паметни“ патишта: Коридорот 10 добива врвна технологија
    • Се воведуваат строги забрани: Од 1 јануари „Еуро 5“ дизел возилата веќе не смеат да се движат низ градот
    • „За нас секогаш ќе бидете убијци!“: Потресен говор во судницата по сведочењето на мајка за трагедијата во „Пулс“
    • Доживотен затвор за кавадарчанецот кој го уби сопствениот брат на неговиот роденден
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Јовановски: Со заокружување на бројот 9, Кичево ќе добие градоначалник кој ќе се жртвува за својот град 

    Јовановски: Со заокружување на бројот 9, Кичево ќе добие градоначалник кој ќе се жртвува за својот град 

    28.10.2025 во 19:46
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Александар Јовановски, кандидат за градоначалник за општина „Кичево“ од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот настан одржан во општината, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, во рамките на изборната кампања за вториот круг од локалните избори кои ќе се одржат 2 ноември.

    На самиот почеток Јовановски се заблагодари за присуството на граѓаните, и потенцираше дека кампањата која се водела за локалните избори во општина Кичево, била исклучиво позитивна.

    „Ви благодарам на присуството, ви благодарам на поддршката, самата ваша бројка доволно говори. Целата кампања ни се засноваше на позитивна енергија, целата кампања зрачи и ќе продолжи да зрачи после големата победа само со позитивна енергија, ќе продолжи да зрачи со надеж и среќа за сите. Сите оние коишто не веруваат, сите оние коишто сеуште се двоумат, сите оние кои мислат дека не е можно да оствариме победа, нека размислат уште еднаш“, рече Јовановски.

    Јовановски истакна дека Кичево заслужува за градоначалник да има чесен и трудољубив човек, кој ќе се жртвува за својот град. 

    „Верувајте, заслуживме да имаме чесен човек, трудољубив човек и човек  којшто ќе се жртвува за овој град, а тој човек сум јас почитувани. Сакам да изразам особена благодарност до припадниците на сите политички партии во нашиот град, без разлика на кој етникум припаѓаат, без разлика на која идеологија припаѓаат, има луѓе кои увидоа со што се соочуваме, за жал сите вие сте сведоци на што се, се изнагледавме изминативе денови, какви снимки изнаслушавме и какви видеа видовме, ние како граѓани не го заслужуваме. Дојдете на 2 на истото ова место, ќе славиме заедно“, истакна Јовановски.

    Популарно

    Дали од денеска ќе возиме најевтин дизел во последните 3 години?

    29.12.2025 во 10:32

    Македонија мрзне, утрово измерени -8 степени во овој град

    29.12.2025 во 08:59

    Кавадарци: И полицијата се збунила кога видела дека вози толку пијан

    29.12.2025 во 11:54

    Од март повисоки плати за наставниците, потврди Јаневска

    29.12.2025 во 10:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.