Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Во Србија регистрирани 60 случаи на заболени од западнонилска треска
    • УХМР ги објави температурите измерени во 17 часот: Каде беше најтопло, а каде најстудено
    • Се превртел со трактор во сопствениот двор: Прилепчанец заврши во болница
    • Сабајле уште во 8 часот ќе снема струја – Проверете дали сте на списокот за исклучувања
    • Масовен руски напад врз Украина: Оштетени над 10 енергетски објекти, половина милион луѓе без струја
    • Владата набавува 100 нови амбулантни возила: Мицкоски утре на промоција кај СЦ „Борис Трајковски“
    • Метео аларм: Искористете го утрешното сонце – доаѓа пресврт
    • „Мојот малолетен син е нападнат со тврд предмет“ – Вознемирена мајка се јавила во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Рустеми и Саити од „Комунална хигиена“ одат во 30-дневен притвор под сомненија за загрозување на животната средина

    Рустеми и Саити од „Комунална хигиена“ одат во 30-дневен притвор под сомненија за загрозување на животната средина

    28.10.2025 во 19:261 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

     Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и определи мерка притвор од 30 дена за двајца раководители од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради основано сомнение за кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад“ од член 230 став 1 од Кривичниот законик.

    Притворот е изречен за Сабахадин Рустеми, в.д. директор на претпријатието, и Аки Саити, управител за отпад, поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото.

    Според обвинителството, осомничените постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на обврските од Оперативната програма за собирање и транспортирање на комунален отпад, што резултирало со создавање мали депонии на јавни и сообраќајни површини во Скопје.

    Вонредните инспекциски надзори и експертското мислење од Институтот за јавно здравје потврдиле дека ваквото управување со отпадот предизвикало оштетување на почвата, воздухот и водата, со потенцијална опасност по здравјето на граѓаните.

    Авокатот на осомничето кажа дека Рустеми си поднел оставка од директорската позиција поради морални причини и да не попречува на истрагата.

    Прочитај повеќе

    УХМР ги објави температурите измерени во 17 часот: Каде беше најтопло, а каде најстудено

    19.10.2026 во 18:04

    Се превртел со трактор во сопствениот двор: Прилепчанец заврши во болница

    19.10.2026 во 17:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.