Close Menu
    Најново

    Проверени вкупно 45 училишта: Сите дојави за бомби се лажни

    28.10.2025 во 23:44

    Мециновиќ: Вториот круг отвора нова политичка реалност во Македонија

    28.10.2025 во 23:21

    Ѓорѓиевски: Изградба на две гасни централи, едната во Охис, едната на излезот на Ѓорче Петров

    28.10.2025 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Проверени вкупно 45 училишта: Сите дојави за бомби се лажни
    • Мециновиќ: Вториот круг отвора нова политичка реалност во Македонија
    • Ѓорѓиевски: Изградба на две гасни централи, едната во Охис, едната на излезот на Ѓорче Петров
    • Кац: Хамас ќе плати „висока цена“ за нападот врз војници на ИДФ и кршењето на договорот
    • Ентони Хопкинс откри дека не разговара со својата ќерка 24 години
    • Арсовска до Мицкоски: Дај име диктатору за директор што ќе го исчисти градот за 3 дена?
    • Ѓорѓиевски: Повикувам на масовна излезност во недела, а од понеделник да ги засукаме ракавите
    • Камчев: Валандово нема повеќе да тапка во место, со инвестициите што следат ќе се отворат 200 работни места 
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Димитриеска Кочоска: Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година

    Димитриеска Кочоска: Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година

    28.10.2025 во 15:48
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, со којшто економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. 

    Министерката за финансиии Гордана Димитриеска Кочоска на прес-конференција во Владата соопшти дека вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари, а вкупните расходи изнесуваат 413,9 милијарди денари, додека проекцијата за капиталните инвестиции е на износ од 40,5 милијарди денари (650 милиони евра).

    -Капиталните проекти треба да бидат главен двигател на економскиот раст догодина, а позитивен раст се очекува и од приватните инвестиции со уште позабрзано темпо имајќи го предвид интересот за поволната кредитна линија за компаниите, како и приватната потрошувачка поддржана од растот на платите и пензиите, рече Димитриеска Кочоска. 

    Таа нагласи дека Предлог буџетот за 2026 година ги опфаќа сите клучни политики што ќе се спроведуваат во наредниот период, со јасна цел – забрзување на економскиот раст, паралелно со постепена фискална консолидација.

    Фискалната политика за 2026 година, потенцираше, ќе биде насочена кон одржување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност.

    – Ќе продолжиме со мерки за намалување на сивата економија и зголемување на наплатата на буџетските приходи. Буџетот ќе се темели на реални проекции – приходите ќе се планираат според реалните можности, а расходите ќе бидат насочени кон стратешки приоритети. Ќе продолжи постепената фискална консолидација и дисциплинираното управување со јавните финансии, со цел поголема ефикасност и одговорност во трошењето на буџетските средства. Ќе се намалуваат несуштинските расходи, а поддршката за граѓаните и стопанството ќе се спроведува по јасни критериуми и со засилен мониторинг, рече министерката за финансии.

    Популарно

    Арсовска му се закани на Премиерот по апсењето на директорот на Комуналец: Мицко, ќе бегаш од Македонија за некоја година

    27.10.2025 во 15:20

    Вучиќ го соопшти она што сите го чекаа

    27.10.2025 во 15:18

    Арсовска до Мицкоски: Дај име диктатору за директор што ќе го исчисти градот за 3 дена?

    28.10.2025 во 22:21

    Ѓорѓиевски: Повикувам на масовна излезност во недела, а од понеделник да ги засукаме ракавите

    28.10.2025 во 22:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.