Close Menu
Press24
    Најново

    Зголемени цените на услугите во транспорт и складирање

    29.05.2026 во 11:00

    Грција разгледува мерки за олеснување на протокот на патници и возила на граничните премини

    29.05.2026 во 10:58

    СДСМ: Долгот надмина 11 милијарди евра – министерката Кочовска бега од објаснување

    29.05.2026 во 10:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Зголемени цените на услугите во транспорт и складирање
    • Грција разгледува мерки за олеснување на протокот на патници и возила на граничните премини
    • СДСМ: Долгот надмина 11 милијарди евра – министерката Кочовска бега од објаснување
    • Бојковска: ВМРО-ДПМНЕ спроведува суштински реформи во интерес на граѓаните
    • Манасиевски: Земон и Филипче се пратеници на Бугарија
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на ист став со Петрова Чамова – ќе преговара со Европа за интересите на Бугарија
    • УНИЦЕФ: Децата се опкружени со нездрава храна во и околу училиштата – првата национална проценка повикува на посилни мерки
    • ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Деаноски се луксузира во Црна Гора на грбот на членството на УПОЗ?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трамп го повикува Ким на состанок: „Би сакал да го видам ако сака“

    Трамп го повикува Ким на состанок: „Би сакал да го видам ако сака“

    28.10.2025 во 12:433 Mins Read
    Доналд Трамп, претседател на САД
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Американскиот претседател Доналд Трамп повеќе пати предложи состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун додека се подготвуваше за посетата на Јужна Кореја оваа недела, каде што доби поддршка од функционери за таа идеја, но Пјонгјанг засега молчи.

    Северна Кореја засега јавно ништо не коментираше, а американските и јужнокорејските функционери рекоа дека нема конкретни подготовки во тек. Пред заминувањето на Трамп од САД, Северна Кореја лансираше, како што соопшти, нови надзвучни балистички проектили.

    Но, Трамп го искористи своето патување низ Азија за да ја истакне својата подготвеност за состанок со севернокорејскиот лидер, надевајќи се дека ќе ја оживее низата самити што двајцата ги одржа за време на првиот мандат на Трамп.

    – Едноставно имав добар однос со него, рече Трамп вчера.

    – Би сакал да го видам ако сака, ако воопшто ја добие оваа порака. Не споменавме ништо, но тој знае дека одам таму. Ако тој сака да се сретне, јас со задоволство ќе се сретнам со него, изјави Трамп.

    На прашањето што би можело да го доведе Ким на маса, Трамп одговори дека тоа би можеле да бидат санкциите.

    – Тоа е прилично големо за почеток. Би рекол дека тоа е најголемото можно, изјави американскиот претседател.

    Двајцата лидери одржаа самити во 2018 и 2019 година пред да пропаднат преговорите околу нуклеарниот арсенал на Пјонгјанг. Северна Кореја е под тешки меѓународни санкции поради тоа оружје, како и нејзините балистички проектили.

    Ким минатиот месец навести дека е отворен за состанок со Трамп доколку САД се откажат од своето барање Ким да се ослободи од нуклеарниот арсенал, но одбива какви било преговори со Јужна Кореја.

    – Лично, сè уште имам убави спомени од американскиот претседател Трамп, рече тој во говор, според државната новинска агенција КЦНА.

    – Ако Соединетите Држави се откажат од апсурдната опсесија со нашата денуклеаризација и ја прифатат реалноста и искрено сакаат мирен соживот, нема причина ние да не седнеме на маса со Соединетите Држави, рече севернокорејскиот лидер.

    Сепак, нема индикации дека ќе се одржат разговори. Американски функционер рече дека разгледувале, но не закажале посета на демилитаризираната зона на границата меѓу Јужна и Северна Кореја.

    Јужнокорејскиот претседател Ли Џе Мјунг, кој стапи на должност во јуни и се залага за олеснување на тензиите со Северот, предложи Трамп да ја искористи својата посета на Јужна Кореја за да комуницира со Ким.

    Јужнокорејскиот министер за обединување, Чунг Донг-јонг, задолжен за односите со Северна Кореја, рече дека Пјонгјанг веројатно ќе објави соопштение за понудата на Трамп до денеска или утре.

    Шефот на јужнокорејската дипломатија, Чо Хјун, во парламентот рече дека Трамп ја нарекува Северна Кореја „нуклеарна сила“ и оти можноста за олеснување на санкциите би можела да го поттикне Ким да дојде на маса.

    – Меѓутоа, во споредба со 2017 и 2018 година, Северна Кореја формираше воен сојуз со Русија и ги зајакна своите односи со Кина, рече тој.

    Севернокорејската министерка за надворешни работи во понеделникот се состана со рускиот претседател Владимир Путин.

    Путин и Ким минатата година склучија договор за стратешко партнерство, кој вклучува пакт за заемна одбрана, а Северна Кореја испрати војници, артилерија, муниција и проектили на Русија за да ја поддржи во нејзината војна во Украина.

    Трамп во Токио се состана со семејствата на јапонските државјани кои беа киднапирани од Северна Кореја пред повеќе децении.

    Прочитај повеќе

    Венс: Сè уште нема сигурна согласност од Трамп за договор со Иран

    29.05.2026 во 10:01

    Србинка не може да извади пасош и лична карта – на 59 години открила дека во извод и пишува дека е машко

    28.05.2026 во 11:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.