Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонија домаќин на најголемиот светски собир за одржлива енергија – започнува 14. Глобален форум за одржлива енергија

    Македонија домаќин на најголемиот светски собир за одржлива енергија – започнува 14. Глобален форум за одржлива енергија

    26.10.2025 во 12:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Скопје и Македонија, од вторник 28 октомври, ќе бидат во центарот на светската енергетска сцена. Во периодот од 28 до 30 октомври 2025 година, во Скопје ќе се одржи 14-тиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14), под наслов „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија / From Goals to Action: Powering the Future with Sustainable Energy“.

    Огромен интерес – Над 1000 пријавени учесници од повеќе од 70 земји – меѓу кои високи претставници на меѓународни институции, економски лидери, академици и експерти – ќе се соберат во главниот град на Република Северна Македонија за да ја обликуваат иднината на енергетиката и одржливиот развој. Настанот го организира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Северна Македонија, во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и петте регионални комисии на Обединетите нации (UNECE, UNESCAP, UNECLAC, UNECA и UNESCWA).

    Форумот ќе започне со официјално отворање на 28 октомври (вторник) во Македонска филхармонија, кое ќе биде пренесувано во живо преку Македонската радиотелевизија (МРТВ). На свеченото отворање ќе се обратат:  Премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски  Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини  Армен Григорјан, постојан претставник на Обединетите нации во Северна Македонија,  Татијана Молчан, извршна секретарка на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE), како и високи претставници на владите, меѓународните организации и енергетскиот бизнис-сектор.

    Во текот на тридневниот форум ќе се одржат низа панел-дискусии, технички сесии и тематски разговори на кои ќе се разгледуваат најактуелните прашања поврзани со енергетската безбедност и отпорност, финансирањето на чиста енергија, дигитализацијата на системите, управувањето со критични суровини, праведната транзиција, како и улогата на младите и жените во енергетската трансформација.

    Целта на форумот е да се премине од глобални цели кон конкретни акции – со јасни чекори за диверзификација на изворите, забрзување на обновливите инвестиции и развој на регионална соработка за енергетска стабилност. Во рамките на форумот, ќе биде потпишана „Скопје декларацијата“ – документ кој ќе остане како значаен траен запис за заложбите на земјите учеснички кон одржлива, безбедна и инклузивна енергетска иднина. Со ова, Македонија ја зацврстува својата позиција на енергетската светска мапа како рамноправен и кредибилен партнер во глобалната транзиција.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај

    20.09.2026 во 15:48

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.