Close Menu
Press24
    Најново

    Судење за пожарот во „Пулс“: Обвинителството презентираше докази за агенцијата „Рубикон“, одбраната тврди дека нема вина

    11.06.2026 во 16:27

    Дурмиши ги повика компаниите да аплицираат за државна поддршка: Рокот е до 15 јуни

    11.06.2026 во 16:06

    Трагедија на експресниот пат Прилеп – Градско: Две лица загинаа, едно во тешка состојба

    11.06.2026 во 15:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Судење за пожарот во „Пулс“: Обвинителството презентираше докази за агенцијата „Рубикон“, одбраната тврди дека нема вина
    • Дурмиши ги повика компаниите да аплицираат за државна поддршка: Рокот е до 15 јуни
    • Трагедија на експресниот пат Прилеп – Градско: Две лица загинаа, едно во тешка состојба
    • Од утре започнуваат електронските уписи во средните училишта: Еве ги клучните датуми и рокови
    • Ѓорѓиевски од ЗЕЛС: Бараме најмалку 10% од ДДВ и 50% од персоналниот данок за општините
    • Возеле без дозвола низ Скопје, Прилеп и Крива Паланка – приведени седум возачи
    • Тепање сопруги, нападнат татко со нож и демнење – две лица лишени од слобода од вкупно шест пријави за семејно насилство
    • Крвава пресметка во кумановско Романовце: 25-годишник избоден од двајца сограѓани, меѓу кои еден е малолетник
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Фол“: Ахмети сериозно размислува да се повлече од политика

    „Фол“: Ахмети сериозно размислува да се повлече од политика

    24.10.2025 во 11:44Updated:24.10.2025 во 11:491 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Првиот човек на Интегративците од Мала Речица, Али Ахмети сериозно размислувал да се повлече од активна политика, објави медиумот на албански јазик „Фол“.

    Како што пишува медиумот, повикувајќи се на информации од внатре од партијата ДУИ, Ахмети веќе разговарал за оваа одлука со дел од своите најблиски соработници, како и со политички партнери од Албанија и Косово.

    Конечната одлука се очекува да биде објавена по завршувањето на вториот круг од локалните избори, со цел да не се влијае врз исходот за кандидатите на партијата.

    Засега нема официјален коментар на оваа информација од ДУИ и од Ахмети, кој се нема огласено во медиумите и социјалните мрежи по првиот изборен круг на 19 октомври, на кои коалицијата НАИ, предводена од ДУИ, победи само во Липково и во Пласница. Во Пласница, коалицијата ВРЕДИ не предложи кандидат, пишува „Фол.мк“.

    Оставка од Ахмети по првиот круг од локалните избори, а особено по поразот во Чаир, побараа челниците на ВРЕДИ. Кандидатот на ДУИ Бујар Османи кој загуби од Изет Меџити од ВРЕДИ во Чаир, напиша на Фејсбук дека „Али Ахмети е и останува неоспорен идеолог и лидер на Албанците“.

    Прочитај повеќе

    Судење за пожарот во „Пулс“: Обвинителството презентираше докази за агенцијата „Рубикон“, одбраната тврди дека нема вина

    11.06.2026 во 16:27

    Дурмиши ги повика компаниите да аплицираат за државна поддршка: Рокот е до 15 јуни

    11.06.2026 во 16:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.