Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: ДУИ обвинува за полициска бруталност

    09.10.2026 во 11:15

    ВИДЕО: Со албанско знаме го блокираше сообраќајот – Полицијата го пронајде лицето кое„глумеше шериф“ во Скопје

    09.10.2026 во 08:35

    Пред нас продолжен викенд, а потоа уште еден – На овие датуми ќе одмориме

    09.10.2026 во 08:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите на САД: Историјата ќе суди за овој момент
    • 10 професии што најчесто водат кон развод
    • Земете пример од нив: Ова се навиките на луѓето кои никогаш не се разболуваат
    • САД воведоа опсежни санкции против Меѓународниот кривичен суд
    • Димитриеска-Кочоска најави нова граѓанска обврзница до крајот на годината
    • Сообраќајка кај Кале, тешко повреден возач на мопед
    • Шакира и Пике повторно на суд
    • Силен земјотрес од 7,9 степени ја погоди Панама: Епицентарот во близина на Макаракас
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вајц: Напредок има, но ни недостига вистински пробив – Македонија се уште е блокирана од Бугарија

    Вајц: Напредок има, но ни недостига вистински пробив – Македонија се уште е блокирана од Бугарија

    21.10.2025 во 10:563 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонската Влада полека, но сигурно, ги спроведува агендите поврзани со малцинствата, безбедносните прашања, коридорите и другите прашања, со што има одреден напредок, но засега се уште ни недостига вистински пробив за напредок на европскиот пат, изјави известувачот на Европскиот парламент за земјава, австрискиот европратеник Томас Вајц. 

    – Северна Македонија се уште е блокирана од Бугарија. За жал, има многу прашања поврзани со идентитетот што го блокираат нејзиниот напредок, истакна Вајц во изјава за Европската новинска редакција (ЕНР), од која дел е и МИА. 

    Вајц изрази надеж дека по локалните избори ќе бидат „направени потребните уставни измени за вклучување на бугарската заедница во Уставот како малцинство“. 

    – Тоа ќе го отвори патот за вистинско започнување на преговорите. Мислам, таа сега е земја опфатена со пристапниот процес, но всушност ги немаме започнато преговорите. Треба да ги започнеме наскоро за да ја одржиме земјата на вистинскиот пат, додаде Вајц. 

    Во однос на останатите земји кандидати за членство во ЕУ од Западниот Балкан, Вајц посочи дека Црна Гора има шанса да стане 28 членка на Унијата до 2029 година бидејќи брзо ги спроведува реформите, а неа ја следи и Албанија, која покрај во реформскиот процес напредува и во борбата против корупцијата и во владеењето на правото.  

    За Босна и Херцеговина, Вајс вели дека е во тешка ситуација поради нестабилноста и „недостигот на модерна граѓанска држава“, додека Србија и Косово ќе мора да се помират и да се признаат меѓусебно или во спротивно ќе останат блокирани на нивниот пат кон Европската Унија. 

    – За жал, патот за Србија не е блокиран само поради старата приказна со Косово, туку и поради сегашното назадување кога станува збор за владеењето на правото и демократските стандарди. Политиката што ја води сегашната (српска) Влада не ги подобрува демократските стандарди, туку спротивното. Не ја зголемува слободата на медиумите, туку спротивното. Ја намалува и независноста на правосудството, изјави Вајц. 

    Според него, на овој начин Србија станала „еден вид заробена држава“, при што државните институции се главно заробени од партијата на српскиот претседател Александар Вучиќ. 

    – Но, ако сакаме да го внесеме регионот во Европската Унија и ако сакаме да го помириме, мора да разговараме со Србите. Тоа, според мене, не ја вклучува секогаш српската Влада, бидејќи се сомневам дека Владата на Александар Вучиќ навистина сака да се приклучи кон Европската Унија, вели европратеникот од редовите на Зелените.  

    Вајц додава дека Вучиќ прави нешто што тој лично „не би му го препорачал на ниту еден политичар“ – седи не само на две, туку на најмалку три столчиња.  

    – Не знам дали претпочита наклоност кон Кина, кон Русија или кон Европската Унија, или пак можеби само кон „српскиот свет“, што би сакал да го изгради со вклучување и на некои делови од соседните земји, додаде Вајц во изјавата.

    Прочитај повеќе

    Николоски во Подгорица на средба со министерот за транспорт Зечевиќ: Акцент на регионалното поврзување и пристаништата

    09.10.2026 во 18:22

    Николоски на средба со Ивановиќ во Подгорица: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработка

    09.10.2026 во 16:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.