Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: ДУИ обвинува за полициска бруталност

    09.10.2026 во 11:15

    ВИДЕО: Со албанско знаме го блокираше сообраќајот – Полицијата го пронајде лицето кое„глумеше шериф“ во Скопје

    09.10.2026 во 08:35

    Пред нас продолжен викенд, а потоа уште еден – На овие датуми ќе одмориме

    09.10.2026 во 08:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите на САД: Историјата ќе суди за овој момент
    • 10 професии што најчесто водат кон развод
    • Земете пример од нив: Ова се навиките на луѓето кои никогаш не се разболуваат
    • САД воведоа опсежни санкции против Меѓународниот кривичен суд
    • Димитриеска-Кочоска најави нова граѓанска обврзница до крајот на годината
    • Сообраќајка кај Кале, тешко повреден возач на мопед
    • Шакира и Пике повторно на суд
    • Силен земјотрес од 7,9 степени ја погоди Панама: Епицентарот во близина на Макаракас
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во Центар Жупа не е обезбеден потребниот цензус

    Во Центар Жупа не е обезбеден потребниот цензус

    19.10.2025 во 20:461 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Општина Центар Жупа не е обезбеден потребниот цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело кое изнесува 7551 лице, потврди за МИА, Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија.

    Во оваа општина во трка за градоначалник беа тројца кандидати, Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, кој се бореше за четврт мандат, Алил Емрула од Движење за национално единство на Турците и Инает Баки од Партијата за движење на Турците.

    Овие три партии, како и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаа кандидатски листи за девет члена на општинскиот совет.

    И на претходните избори во Општина Центар Жупа во двата круга на гласање не беше обезбеден потребниот цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело. 

    Владата потоа го наименува за повереник за вршење на работите од надлежност на градоначалник, актуелниот Аријан Ибраим.
     
    Тој на повторените избори на 17 април следната година, кога имаше еден противкандидат, доби околу 80 отсто од гласовите, но поради необезбеден цензус истите беа повторени на 20 август, кога другиот кандидат се повлече, па Ибраим,  го обезбеди третиот последователен мандат со над 80 отсто од гласовите.

    Во оваа печалбарска општина во Единствениот избирачки список се 7551 лице, а според пописот во неа живеат 3720 жители.

    Прочитај повеќе

    Сообраќајка кај Кале, тешко повреден возач на мопед

    09.10.2026 во 21:58

    Церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет пред најмлади посетители

    09.10.2026 во 20:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.