Close Menu
Press24
    Најново

    Алиу пресече: Новиот клинички центар најевтино е да се гради до болницата „8 Септември“

    11.06.2026 во 14:32

    Инцидент на Бит Пазар: Скопјанка физички нападнала контролор на ЈСП бидејќи немала билет

    11.06.2026 во 14:28

    Голем дел од Скопје утре ќе остане без струја: Проверете дали сте на списокот за исклучувања

    11.06.2026 во 14:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Алиу пресече: Новиот клинички центар најевтино е да се гради до болницата „8 Септември“
    • Инцидент на Бит Пазар: Скопјанка физички нападнала контролор на ЈСП бидејќи немала билет
    • Голем дел од Скопје утре ќе остане без струја: Проверете дали сте на списокот за исклучувања
    • Мицкоски: Парламентарни избори ќе има „многу скоро“
    • Алиу: Македонија пристапува кон „EU4Health“, се отвора европска здравствена врата за нашите институции
    • Општина Центар исплати над 1,3 милиони денари за новороденчиња од почетокот на годинава
    • Цветановска: Нудиме неповратни грантови за сушари и загарантиран приход за сточарите
    • Мицкоски најави големи промени: 30 отсто нови луѓе во општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Заврши гласањето – почнува броењето

    Заврши гласањето – почнува броењето

    19.10.2025 во 19:133 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

     Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните денеска можеа да гласаат на oсмите локални избори, а четврти на кои избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

    Гласачките места беа отворени во 7:00 часот. Право на глас имаа 1 832 415 лица запишани во Избирачки список. Тие на 3474 избирачки места во земјата можеа да се изјаснат за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10 490 кандидати.

    На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури. Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје – 16.

    Изборите ги набљудуваат 1.451 набљудувач – 807 домашни и 644 меѓународни. 

    Државната изборна комисија соопшти дека одѕивот на локалните избори до 17:00 часот беше 39,61 отсто. Гласањето, како што посочија од ДИК се одвиваше без проблеми, без никакви дојави за евентуални нерегуларности или неправилности.

    Вчера, ден пред изборите, гласаа  2162 затворениците, лицата во домашен притвор, 8851 болни и немоќни лица и 442 лица во старските домови. 

    Партиските раководства се во нивните штабови, каде ги чекаат резултатите од гласањето, кои се очекува да бидат објавени околу полноќ.

    Државната изборна комисија (ДИК) првичните резултати од изборите добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

    Во првиот круг од гласањето за градоначалник е избран оној кандидат кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку на изборите излегле една третина од вкупниот број избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина. Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, односно градот Скопје, не излезат една третина од вкупниот број избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина, односно градот Скопје, се повторува целата изборна постапка.

    Ако во првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник на општина не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од денот на завршувањето на првиот круг на гласањето. Во вториот круг на гласање за градоначалник е избран кандидатот кој добил поголем број гласови.

    Ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.

    Советници се избираат во првиот круг од изборите и притоа се употребува пропорционалниот модел, при што распределбата на мандатите се врши по Д’Хондтовата формула.

    Вториот круг на Локалните избори ќе се одржи за две недели односно на 2 ноември. 

    Прочитај повеќе

    Алиу пресече: Новиот клинички центар најевтино е да се гради до болницата „8 Септември“

    11.06.2026 во 14:32

    Инцидент на Бит Пазар: Скопјанка физички нападнала контролор на ЈСП бидејќи немала билет

    11.06.2026 во 14:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.